таа (зам.) - мене (зам.)

Јас и би ѝ го сторил тоа, не сум човек со многу предрасуди, но таа мене никогаш доволно не ме привлекла.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- А ти мислиш дека човеков е сега дојден, - ми вели таа мене ставајќи ми на знаење дека роговите сум си ги имал на главата цело време додека поради верност сум се воздржувал да згрешам со оваа жена која со толкава љубов ми се подава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Главно мене децата да ми се радуваат, - ми вели таа мене, а јас сум над една бездна: ако не паднам во бездната пред мене, сигурно ќе се содробам во бездната зад мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Мене нема да ме бара! - воздивна мечето. - Таа мене не ме сака.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ме подзеде тогаш таа мене и ми ја разбра работата, ама јас, што е кафтицата кошленкава, тоа бев јас, таа ни трошка јатро од мене не извади, туку само што ме разбра.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Именуваната Цвета Басотова всушност сметаше дека мојата интервенција е единствениот начин да си го поврати овој домашен раритет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Изјавата на другарката Басотова не го објаснува она најбитното: дека токму таа мене личо ми се пожали дека и е одземена спомнатата скапоценост и ме замоли да и помогнам да си ја поврати таа скапоценост бидејќи само јас можев да посведочам дека во далечното лето на 43-та ја имав гледано кај неа и тоа повеќепати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И таа мене многу ме сака.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А сѐ започна од мојата наредна пријателка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние со неа бевме заедно веќе десеттина дена и таа мене добро ми здодеа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- А ти веќе не разговарај со неа. Таа мене ме гледа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И таа мене...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И јас бев многу радосен, што ѝ го доставив тоа културно задоволство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И дури да ми побараше таа мене две рубли, ќе ѝ дадев и око немаше да ми трепне.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас неа во двете обравчиња, таа мене по сто ситни мали бакнежи, по некој звучен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас ја потурав Споменка, а таа мене и знам дека не ви е верно, но со четири или пет шишиња вода ние бевме избањати, заедно со косата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа ја научи филозофијата скриена во мојата добрина. Ѝ дадов човечка љубов и таа мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја ниша, но зад себе го слуша гласот на нејзиниот маж Вајс: „Ја отрув, за да не ме отруе таа мене...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На крајот на краиштата таа мене дури и не ме познава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Добро е што не ме притисна малку повеќе па ќе морав и сонот да ѝ го кажувам во кој ја видов Пелагија а таа мене не ме виде, не само што ќе се прашуваше себе си гласно како можело да ти влезе во сонот и да не те види, туку и во неа ќе го наголемеше сомнежот околу тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Заборавав зашто таа мене сепак ми обраќаше внимание...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме викна таа мене настрана и ми вели: „Дине“, ми вели, „ние во касата имаме 21.250 динари кусок. Што да правиме?“ ми вели. „Кажувај чаре!“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога јас тогаш нејзе ѝ реков дека ако таа мене не ми го дава клучот, тогаш јас ќе ја сменам бравата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По мое барање мене од страна на другарката Блажена ми беше речено дека таа мене клучот не ми го дава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Секогаш истото! - гласеше тој нејзин излив од далечните темнини: - Кога ќе го сторам тој чекор за кој сум сигурна дека нè приближува наеднаш забележувам дека токму тој нè оддалечил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа оттаму и се јави онаа тажаленка исполнета со големо копнеење, што одвај го наслушнав а знаев дека таа мене ми го испраќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас: кума Праскарево, а таа мене кумице Петријо, кумице Петријо!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, сѐ што ти душа сака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Полека се истетерави до кујната, офкајќи по пат за тоа колку ѝ биле проширени вените на нозете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Голтнав и дури тогаш успеав да издишам и да речам, - Ме гризна, нешто ме гризна по ногата, - а мајка му на Дино срипа да ја бара Маци зад каучот и да вика, - леле, милото мое, што ти направија, милото мое, - како јас да сум ја гризнала мачката, а не таа мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но јас морав да ѝ верувам, како што ми веруваше и таа мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па, таа мене ме вика внучко, а јас нејзе бабо, - тивко, и со наведната глава одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во „овој филм“ Дуња-Ѓузел имаше коса долга до половината, очи сини како оние на Снеже, и несмевка како на наставничката Трпана, заради којашто таа мене многу ми се допаѓа, а понекогаш си мислам дека кога ќе пораснам, неизоставно ќе морам да се оженам за жена што ќе личи на неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не може никој да те сака, а како ли јас неа ја засакав и сè и помагав, а таа мене платното да ми го исфрли.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа мене повеќе не ми треба, доста ја гледав нејзината убавина без да ја разбирам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Што знам, ти си знаеш, не можам јас за тебе да одлучувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу долго разговаравме со мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Полека ма, дадо (таа мене така ме вика), ќе ми ја откорнеш раката!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На пример, дали некогаш ние двете сме разговарале за времето и просторот и за различните начини на нивно сфаќање во различните цивилизации; дали некаде сум читала за телепатијата, или таа ми го објаснувала тој феномен; ми го опишала ли таа мене Игбал како изгледа и како се однесува, или јас самата таков сум си го замислила...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Опаа – ликував – дојде ред таа мене да ме моли да се дружиме и да ме прашува дали имам време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Види како ме изгребаа грмушките, немој толку брзо, не можам да те стигнам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Биси, знаеш што? Многу е фраер оној Огне. Што велиш, да се фатам со него, а? – директно таа мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега би било најдобро да ѝ речам дека сум зафатена, да ме остави на мира, како што таа знае да ми каже кога ме „откачува”, ама не дека немав срце тоа да го сторам, туку единствено затоа што бев љубопитна што ќе ми каже, прифатив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)