таа (зам.) - кој (зам.)

Левицата е таа која што ја излачува и очајнички ја репродукува власта, бидејќи таа ја посакува, па, значи, верува во неа и ја воскреснува таму каде што системот ја поништува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ми раскажуваа, се разбира не таа која беше толку кротка и скромна жена, дека била најубава девојка во селото во која се заагледувале многу момчиња, но таа се загледала само во еден, мојот татко.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сиротата таа кој знае, пак, нејзе каква ѝ беше намерата, мислам дека ќе се срушеше кога нè виде како седиме еден до друг и смирено разговараме, држејќи се за рака.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Секогаш бев јас таа што е сакана, јас бев таа која не попушта во ништо, одбрамбениот систем ми беше како Берлинскиот ѕид.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сепак, јас сум таа која го одбра животот таков каков што е, јас сум таа која се пресели таму за да живее со тој човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ти си таа која треба да одлучи што понатаму и со кого ќе живееш?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот Јана беше таа која ја прекина тишината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Впрочем таа е таа која ќе ги изговори овие два старонови збора, или нема да ги изговори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада чекаше да биде таа која ќе ја отклучи "вратата" на телесниот рај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа која беше стручна за гатање и вражање, гласно извика: „Распуштеница во куќа, зло за навек“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А целта е таа која е променлива, не суштински, туку патот по кој одиме за да ја достигнеме има варијации кои не секогаш сме ги планирале.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеби многу повеќе, зошто секогаш јас бев таа која ги напушта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Срцето никогаш не е мазохистички настроено, тоа е радосно, главата е таа која прави проблеми.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто се расправаме за некоја жена која не ја ни познаваме и која нема никаква врска со нас?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Од кај да знам? Ти си таа која вели дека не сака да зборува за тоа, а си опседната со секакви теории и сценарија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Јас знам за неа,“ рече ти. „Ја сонувам.“ „Ја сонуваш?“ повторив изненаден.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)