таа (зам.) - го (зам.)

Под „други начини на справување“, таа го наведува спогодбениот начин на 245 решавање на споровите како убедливо најефективен, поефика- сен и мошне евтин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обраќањето за остварување на своите загарантирани права таа го реализира после две години откако истите ѝ се прекршени, поточно кон средината на 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова таа го истакнува како голем апсурд и недостаток во функционирањето на Синдикатот: имено, нејзиниот став по ова прашање е дека се јавува голема нелогичност кога вработени од синдикатот имаат спор со ССМ – за нив да нема никаков обѕир од тамошната правна служба, односно тие да немаат право на бесплатна правна помош, односно квалификуван правен застапник од својот синдикат во кој едновремено и работат, но и членуваат!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како недостаток го истакнува фактот што синдикатот од претпријатието не се потруди ниту, барем елементарно, да ги подучи и информира вработените за своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера  – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа го контактира ССМ, кај кој ѝ се обраќа за помош.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, по сево ова е убедена во фактот дека менаџерите, вработени во претпријатието, сакале – во тоа време – да ја искористат приватизацијата на тој начин што ќе го разработат претпријатието, ама на вработените нема да им даваат плата!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На страната на Вујошевиќ немаше полномошник. Имено таа самата се застапуваше.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Приватното тело се користи како материјал на формата, субјективна ствар и содржина во којашто се урушуваат искуствата и институциите на политиката на телото. (Stiles 1992:96) Stiles го опишува тој процес како „реконституција на хуманистичкиот проект, скршнување од трансценденталниот субјективитет на холистичкиот хуманизам кон еден поли­семичен хуманизам што го карактеризира независната позиција на субјектот“; боди арт-от таа го опишува како развој од фигурација до отелотворување, како одговор на едно десензи­билизирано општество каде што интерсубјективностите им се спротивставени на објективностите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Младичот: Кој кур си па ти?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Семиотички гледано таа ја шири дистанцата помеѓу означениот и означителот обрнувајќи внимание токму на расчекорот меѓу нив, разбивајќи ја илузијата дека гледачите она што го гледаат го сметаат за природно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога телото станува материјална потпора, субјект, содржина на уметноста, тоа ја задржува можноста да ги измени детерминираните и фиксни односи коишто некогашниот објективен статус на уметноста ги бараше во играта на субјективитети поставени и емитирани со телесни гестови, структури и односи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цеце: Јас сум оној кого таа го чека цела година!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Преку дословноста на она што таа го прави (мастурбација, научно покажување на цервиксот и сл.), нејзиното тело станува црна дупка во којашто имплодираат симболички значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Навидум ти се чини дека го оддават нејзиното внатрешно незадоволство, но во суштина тие го покажува нејзиниот перфекционизам, кој што таа го бранеше и го бараше во се околу неа, вклучувајки ги сите свои напори да го достигне тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Судбината на чуден начин не поврза, таа го направи своето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше како прелаз преку вода, преку големата вода – животот, таа го надмина него, како трајект, цврста, поцврста од водата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа го испрати до портата, ја отвори вратата, го избакна и рече: Ајде, синко, нека ти е среќно!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И, откога виде дека никој нема наоколу, го крена капакот од сандакот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му му посла, тој легна и таа го покри да спие.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа го мина битолскиот парк и влезе во буковските гробишта, кои се наоѓаа надвор од градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Онаа чешмичка горе сè уште цеди по некоја капка и таа го држи животот сосема да не папса, и она изворче во подножјето на онаа стрмна меѓа близу до реката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Старата и дотраена 23-ка, која како да е така намерно наштелувана, гасеше на секоја втора станица и возеше со максимум 30 км на час, не можеше да ѝ го одземе на Јадранка тоа возвишено чувство што го имаше во денот кога таа го возеше својот џип.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Затоа, пак, сега благодарејќи на ракописот што таа го остави и од кој јас се обидувам да составам целина, а да не ја посрамотам мајка ми, ја сваќам иронијата... (Додека ги прередував работите во собата на мајка ми..... ја најдов Небеска..., посветата гласи: „Филип ти пожелува што побргу да оздравиш, а јас никогаш повеќе да не се разболуваш!“)
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И тој е токму таков каков што таа го опишуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Навистина правев многу работи што не ми се допаѓаа, само за да ја задоволам неа, ама сега гледам дека тоа не бил вистинскиот начин да допрам до неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имаше строг и сериозен изглед, ама очите секогаш му беа насмеани. Длабоки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Градот што таа го познава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа процени дека тоа е единствениот начин да ја разбереме нејзината осаменост, тага, потреба за разбирање и љубов што никој од нас не знаеше да и ја даде на начинот на кој што таа го бараше тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Вива беше прилично добра, но двете вистински ТВ катастрофи беа Бригид и Нико.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ултра веќе беше во емисијата и главно им се допадна на луѓето - беше комуникативна и претпоставувам дека ја сметаа за „разумен” фрик - и така таа го проби патот за останатите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога Нико беше во емисијата отсвири една песна на својата мала органа, што беше сосема во ред, но кога Мерв се обиде да поразговара со неа таа едноставно седеше не зборувајќи ништо.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ја крева нејзината дланка до усните и ја бакнува, а таа го гледа, стаписана, со црните очи од кои не престануваа да извираат солзи, додека брадата ѝ трепери од возбуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги затвори очите и ја почувствува нежната кожа и свежата полнота на неговите усни врз своите и едно смирување кое ѝ ги запре солзите, но предизвика и наплив на страст што ја тера да му ја префрли раката преку вратот и да ги стисне усните посилно до неговите, како толку силно да чувствува дека се создадени еден за друг што ѝ се чини дека, онака меѓусебно предадени, со усните што не сакаат да се одвојат, во свежата ноќ дишат заедно давајќи си еден на друг здив и нежност без која веќе не ќе можат да издржат, ни таа, ни тој.  И навистина, што јас сум врзала човек не одвоил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па сепак, во вечерите, откако ќе заспиеја децата, додека му шепотеше во постелата, таа го тераше да ги прифати тие промени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Имам многу пријатели тука”, ѝ одговараше полугласно, свртен со грбот кон неа. „Немаш”, му одговараше таа, шепотејќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас уплашено ја гледав мајка ми, а кога таа го забележа тоа, дојде до мене, ми се насмевна и ме гушна, држејќи ме долго во прегратките.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еве таа го разбира неговиот вик и својот час, необична, таа го поведува орото во прва приквечерина, кога е сонцето зајдено и иде темнината.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа го задржува. - Колку е убаво овде, - му вели и покажува со раката широко на лозјата и на полето што се шири долу.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога излегоа, таа го поведе надолу по едно патче, стеснето од плотишта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На некоја станица таа го замоли другар му да донесе вода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа само го молеше да му каже „на господин Стојчета” дека ѝ е многу жал заради случајот со јорганот, дека таа го моли за извинение, но самата немала што да прави, кога татко ѝ е толку лут на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како и да е, ја сретнав Дебора и таа го презеде организирањето на моите работи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Колку што се сеќавам, Дебора издаде една твоја книга што стана многу успешна. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Исклучиво не можеш да ѝ се налутиш, зашто сето тоа таа го кажува толку милно - просто на просто не е можно да предизвика лутина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По паѓањето на Македонија под римска власт таа го изгубила својот етнички интегритет и исчезнала од историската сцена.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По формирањето на Бугарија како зависно кнежевство, во 1878, таа ја презела целокупната иницијатива за ширење на големобугарската пропаганда во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Маргина 34 63 Откако со лифт се качи до нивниот кат, таа го бара клучот во нередот на својата чанта, но не успева да го најде, а потоа се присеќава дека при избрза­ното излегување од хотелот го беше спуштила во џебот од пантало­ните.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Без разлика колку нежно таа го убедува, колку агресивно таа инсистира, тој не сака да оди на доктор.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Денес, како во минатото, Русија живее со европското искуство; таа го исцрпи ова искуство до крајност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овој недостоинствен живот на резигнација таа го опишува во своите мемоари кои ги напиша на осумдесет години, во 1981-та.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Притоа станува збор за благородна магија: таа го меша корисното со пријатното, таа, играјќи се, го разоткрива човековиот вистински лик.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Никогаш не си морал сосема сам да се бориш против полицијата и сето она што таа го претставува.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога таа го прашуваше својот љубен или некого друг (ако нејзиниот љубен веќе беше мртов) дали ја видел, тој воопшто не ја беше видел.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога таа го изврши злочинот ништо од она што го беше предвидела како доказ не функционираше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа го зеде песочникот што дотогаш го полнеше со пердувчиња и воздух, го истури и го наполни со пудра, вештачки трепки и други ѓубренца.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тогаш таа го исклучи сметачот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Грчеше, се пенеше работејќи. Таа го спречуваше, секој пат, го одалечуваше, госпоѓата Мервин, секогаш толку грациозна, неуморна. Никогаш никаква грубост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Изгаси го тоа ебено светло!“ Таа го изгасна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Денес слушаме за биохемиските експерименти во кои се користи amanita mus- caria или други халуциногени печурки, или дроги синтетизирани по нивен пример - за експериментите во кои професорите, студентите и криминалците стануваат привремени шизофреничари, понекогаш заради ново искуство, другпат за чисто научни цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој несомнено ја живеел својата уметност и таа го живеела него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што наскоро ќе патуваме на Месечината и на другите планети и при телефонски разговор ќе се гледаме еден со друг, така човекот со својата свест ќе го прави тоа што го прави со својата коса: не тоа што таа го сака, туку она што тој го сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кој поим се добива кога е деконструиран парот присутност/отсутност?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И ако литературата, според моето гледање, задржува за себе некоја повластеност, од една страна тоа е затоа што таа го тематизира настанот на пишувањето, а од друга, поради она што во текот на политичката историја ја врзува со начелната овластеност да „каже сѐ“, што пак на единствен начин ја приведува кон она што го нарекуваме вистина, фикција, привидност, наука, филозофија, закон, право, демократија. 4Кој беше влогот за тие описи?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, магијата на Бојсовата уметност во целост - неверојатно разновиден опус - е во тоа да изгледа како да произлегла од изобилство, како тој постојано да бил во уметничко движење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истото ова значи дека оваа страст ја носи во себе судбината на не-задоволеност. Différance го продуцира она што го забранува, го прави возможно истото нешто што го прави невозможно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира, одговорот е différance. Différance е поимот што произлегува од изместувањето на парот присутност/отсутност, И затоа таа го трансцендира него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто трагата (ниту присутноста ниту отсутноста, од другиот крај на бивствувачкото, ако не и бивството - а секогаш ме интересирал самиот ивичник на негативните теологии, на пример, во Comment ne pas parler (Како да не се зборува) /Psyche/) “е” она што ја придвижува филозофијата и со самото тоа ѝ се ускратува, се спротивставува на строго онтолошкото, трансценден­тал­но или филозофско разбирање во општа смисла?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Морал сето време да создава за да го исполни телото и духот кои делувале празно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа го зеде со усмевка - божествена усмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стана и си отиде. Таа го испрати до излезот, му ги подаде двете раце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Но ти страдаш, нано... - Ех, остави ме мене...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мислата... Мислата... Таа му гребеше во душата. Таа го мачеше. Мислата... Не можеше да ја совлада... И бегањето, и пиењето - сѐ беше попусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И таа го избришала, го уништила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во нејзините очи прекор: по гласот, по разбрануваниот извик на детето, таа го наслутува неговиот немир, бегање - скршнување од установеното, определеното, измереното, познатото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа го прекина. - Ако, чедо, ако. Крај тебе ми е насекаде арно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но и при најмало негово движење, таа го обновуваше својот цврст стисок, како дете на кое сакате да му ја одземете играчката од рака штом ќе му попушти вниманието.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Суфлерка. Таа го изгледува како првпат да го гледа, одмерувајќи дали вреди воопшто со него да влезе во разговор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој крена раце да ѝ објаснува поподробно и се сврте да си оди, но таа го задржа иако не ѝ влеваше доверба неговата излитена облека и неговото испиено лице.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа го турна не со рацете ами со очите да седне, па седна и самата спроти него, прекрстувајќи ги долгите нозе и исполнувајќи го седиштето на столот, како и без него да била со ниет тоа да го направи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека тој се подготвуваше, таа го известуваше дека е втора смена, дека ќерката ја пратила на училиште, а дека синот не си дошол дома ни да преспие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш, таа го има последниот примерок од делото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен ако не ѝ командува на Маре, доколку таа го заушува, а да не зборуваме за децата, кои се постојано надвор од нивната контрола.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Каснавме од питата тикуш, но таа го немаше оној вкус од времето кога Мајка ни го месеше еднаш во годината, од заштедените трошки, но со Татко, здрав и ведар, покрај нас.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко почувствува дека таа го слуша отсутно. Тој веднаш се смири.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А кога се врати во собата, во која веќе бевме собрани сите, таа го погледна Татко кој ја очекуваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Патем се чувствувам како некаков женски Дон Кихот кој сѐ уште е засегнат за својата Убава Книжевност, во време кога таа го менува својот лик, кога нештата се мерат со етикети, а не со содржина, во време кога и Литературата ја прекриваат со имињата на нејзините произведувачи. Armani, Eco, Toshiba...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Инаку, самата приказна во „Бебето на Макон“ е едноставна и заличува на некаква апокрифна варијанта на Новиот завет: една грда, стара жена (под маска) раѓа особено продуховено дете; нејзината убава и интелигентна ќерка (маестрална улога на ....) го користи детето за сопствена промоција, но и за добробит на градот Макон; се покажува дека детето има многу помоќни способности отколку што претпоставувала итрата ќерка- девица; обидот таа да ја загуби својата невиност од страна на еден локален високодостојник завршува со смрт на младичот; девојката сфаќа дека детето е тоа кое ја предизвикало смртта и таа го убива детето; за казна, осудена е да биде силувана од цела чета војници; таа умира, а низ целиот филм присутната публика (измешана со актерите на театарската сцена) на крајот вели „Каква добра глумица!“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа го овластува директорот на основното/ средното училиште, откако ќе добие согласност од градоначалникот, а за државните училишта од министерот, да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа преку замена на вработените кои штрајкуваат, за времето додека трае штрајкот (чл. 3, ЗИДЗОО/септ.14, чл. 1, ЗИДЗСО/септ.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Потоа таа го зема палтото од Митко и вака превртено, со волната на надворешната страна го закачи на закачалката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Понекогаш успеваше да ја набљудува како научникот својот предмет на проучување, та во таквите случаи таа го потсетуваше на глушец фатен во стапица со надеж да се ослободи или, уште подобро, на славеј во кафез којшто заборавил дека песната е единственото негово решение на животниот проблем во кој се нашол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако треба местото ќе биде покриено со полицмен до полицмен, таа го покрива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И веќе знаеше дека таа го разбира, дека се разбираат, двајцата еден на друг си се две бистри води што се слеваат една во друга.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
" Перо молчеше речиси не сфакајќи, но по пауза таа го потсети: "Мислам, во мое присуство".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Загледана во него, таа го омекна погледот трудејќи се да го направи нежен и, во секој случај, гледајќи го право в очи му рече: "Кажи како можам да го оставам тука!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја префати самоделската дренова патерица под левата мишка, а со десната го фати резето повлекувајќи ја полата од портата сè додека клепашката над вратата не клепна и тогаш таа го стави резето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кршот што таа го правеше и го оставаше зад себе стана премногу очигледен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ајс, викна по говедата, ги потера да ги истера од орманот надолу додека не ја стемнило и како што говедата заодија надолу, така таа го чу ѕвончето на вратот на кравата Белка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ѝ пративме дарови на свршеницата твоја; прстенот таа го смени.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Мртовецот таа го соблече... Крвави порој, лута и не една рана ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На постела таа го стави мртовецот, каде жена, во црнина цела, рамнодушно чекаше.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но сепак конкретната причина за тој најнеобичен и највозбудлив потфат да го напушти животот покрај реката и да се упати кон Сина Скала била средбата со непознатиот туѓинец, војникот на бел коњ, кој всушност ја повел по патот што водел кон планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, се разбира, се сепнувам. Дали е в ред што постапувам вака?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А зар е можно туку-така да се замине од дома и тоа со непознат човек - ја бев прашал?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А при крајот на сите дилеми Таша, во спомнатиов разговор, го придодаде и овој воопштен заклучок исполнет со многу противречности: "Впрочем зар не е општо познато дека поголем дел од мажите немаат друга цел освен да ти поминат низ животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојано повторуваше дека само тоа го очекувала и посакувала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем сите вакви постапки не го поткрепуваа оној мој впечаток дека таа го претпочиташе притаениот пат на сенките додека ги водеше своите стравувања низ честакот од дилеми?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но за мене сепак остана тајна, што најмногу влијаело при донесувањето на одлуката: дали човекот- младич, неговиот пристап, начинот на кој и ја поднел понудата, неговиот изглед, или самата самата порака содржана во понудата да тргне со него кон планината бидејќи во тој негов предлог таа го открила наеданаш сонуваното небо но и поинаквиот живот што може да се случи таму негде, високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа наеднаш забележувам дека го повторувам она што таа го рече, или само слушам како ги повторувам нејзините зборови „колку си чуден, колку си чуден...“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа го спушти погледот на чорапата и продолжи да плете.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност јас сум сам во празната соба и измислувам некаков разговор со Јана што никогаш го немам водено а притоа, што е уште побитно, не станува збор за размислување туку зборување на глас!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Патем, само за да појаснам, секое поставено прашање таа го проследуваше со по неколку можни одговори така што практично не оставаше никаков простор за некое додатно мислење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или сметаше дека на тој начин ми помага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Верувам дека таа го носеше споменот за својата љубов како поарчено минато од кое и останало најскапото, синот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И ако се погледне наназад, и внимателно ако го наслушнуваме нејзиниот глас низ тоа минато, ќе надвладее впечатокот дека сиот свој живот таа го има поминато трудејќи се да и се доближи на оваа скапоценост, небото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога забележа малку подоцна дека јас очекувам да продолжи со објаснувањата, речиси насмевната додаде: "Не биди како жеништана што одвај чекаат да им паднат во увото и зборовите што одамна наумиле да ги слушнат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа го направи тоа импулсивно, поради змијата. Домаќин.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сред изобилството на летниот живот, во подалечната врева на индустриската околина, таа го слушаше своето тело, исто онака како што би го слушала дишењето на Даниел кога би лежела будна до него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој беше две години постар од Рози и тие израснаа заедно, и таа го познаваше толку добро што можеше да му ги чита мислите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двајцата седеа на клупата и таа го држеше за рака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа беше мажествен глас, кој во својата душа таа го споредуваше со јачината на неговите раце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тишината стануваше сè поголема и позлокобна кога таа го прегна со раката па така полека си ја повлече раката, и прстите што се повлекуваа треперејќи, му го помилува образот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговите ноќи преминаа во немирно плитко спиење од кое таа го поттурнуваше во будност за да го присили да размислува за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полека, како божем секое нејзино нагло движење да може да ја разлути змијата, таа го зголеми растојанието помеѓу себе и змијата и, додека сѐ уште ја гледаше, но сега на доволно безбедно растојание, јурна да трча и, спринтирајќи околу аголот на куќата, брзо влезе во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега инстинктот ѝ кажуваше дека нејзиното лубениче беше доволно големо за да не биде заразено од нејзиниот допир, и затоа со двете раце и со грижа својствена на мајка кога го зема в раце своето дете, таа го поткрена лубеничето неколку сантиметри од земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ох, да, тоа е благослов. За оној што учи, шлаканицата е добра, таа го присилува да мисли на она што го учи.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нежно, за да не ја скине папочната врвца што го поврзуваше со ползавецот, таа го врати лубеничето на земја, ставајќи го со белата страна на мешето во леглото, што тоа беше си го направило, легло какво што животните си прават на голата земја каде што лежат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој се обиде да се сети дали тоа беше во сон, а ако беше во сон кога таа го викаше, тој не можеше да се сети на ни еден сон.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Детски страв и промрморе во срцето дека Даниел може да ја отфрли, дека ќе престане да ја сака, како болката да беше нешто срамно од нејзиното минато, кое таа го донела во оваа чиста љубов за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Токму пред зори таа го затресе Даниел за да го разбуди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Именувањето на алтернативна тема или контратема е многу важно, помеѓу другите работи, и затоа што, (а) значајно учествува во чувството на индивидуата дека нејзиниот живот оди нанапред по патот кој таа го одбрала; (б) овозможува да се припише значење на настаните или искуствата кои инаку би останале незабележани или за нив би се сметало дека се од мала важност; (в) го олеснува правовременото одредување (средба-по-средба) и поврзување на настаните кои се случуваат за време на тераписките средби и (г) ѝ дава на индивидуата чувство дека знае кој може да биде следниот чекор во избраната животна насока.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега, кога ѕидовите паднаа, врската со постарата модернистичка традиција е проблематична: со исчезнувањето на нејзината субверзивна, антирежимска содржина таа го загуби скоро комплетното значење за нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Навистина, тој повеќе пати предупредувал една од своите девојки, Беатрис Вуд, млада актерка која што ја сретнал во Њујорк во 1916 (и која се уште е жива), никогаш да не ги меша сексот и љубовта, што според неговото мислење таа го правела во нејзината неуспешна врска со неговиот пријател Хенри Пјер Рош. (7) 110 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа втора идеја, имплицира дека не е потребно да се познаваат фактите за да се дојде до решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што индивидуите почнуваат да ги артикулираат преферираните настани во овие алтернативни нивоа на активност, и како што стануваат сѐ поангажирани во уредувањето и поврзувањето на овие настани во посебни секвенци низ времето, можат да бидат поттикнати експлицитно да ја именуваат на овој начин сугерираната алтернативна тема или 50 Margina #4-5 [1994] | okno.mk контратема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како резултат на тоа, разбирливо е што поголем дел од неговите интимни познанства со жени никогаш не прераснале во посериозна емотивна врска.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, таа го остава прашањето: Ако “фактите” припаѓаат само на една страна од дистинкцијата, каков вид на “не-факти” припаѓаат на страната на решението?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како Славниот Рим, или Шпанија пред протерувањето, или како многу делови од континентот во времињата меѓу империите или за време на империите во кои паѓаа границите, тоа што ќе ја разликува една земја од друга, еден регион од друг, ќе биде специфичното адаптирање што таа го направила кон новата флуидна реалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тргнав кон своето место, зад Луција. Таа го избегна мојот поглед, оти знаеше зошто ме викнал директорот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Конечно, ѝ го предадоа; таа го отвори, го прочита и се вцрви толку што мислевме дека ќе падне во несвест; се сврте околу, погледна низ целиот клас, и мене ми се стори дека особено долго гледа во мене и Земанек; потем одеднаш побледе, стана, го стутка ливчето под блузата и побара од класниот да излезе надвор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ваквата буквалност го сведува овој кинематографски момент на прост одраз на геј-идентитетот, а не средство за геј-идентификација и израз на геј-желбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само за миг, додека Милдред се устремува преку собата до телефонот, сенката што ја фрла некоја надворешна светлина низ венецијанерите од двокрилната застаклена врата од нејзината канцеларија прелетува, и тоа двапати, во тенки паралелни црти врз кривините на облото и во костум хармонично обружено сензуално тело на Џоан Крафорд и врз нејзиното вџашено, величествено, свесно, згрозено, но решително мирно лице.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека некој како Бјонсe ни дава, општо земено, неиронична стрејт-музика што можеме да ја прекодираме во геј-култура, Гага ја врши работата наместо нас“.138 Сепак, постои разлика, тврди Шерер, помеѓу претходните хитови на Гага, како „Покерашко лице“ и „Ваква родена“: првата е, „на површината, песна за кокетна женска што си ги крие вистинските чувства од дечкото што ја лови и кого таа го лови, но поттекстот е покерашкото лице на плакарот што ја крие и ја глуми сексуалноста, а тоа е она што песнава ја направи онаков хит меѓу геј-публиката на Гага: песната ги содржи клишеата на стрејт-поп-песните, додека лукаво го протнува овој настран поттекст“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хетеронормативноста, секако, може да се квалификува, да се заузда, ограничи и можеби да се поткопа или да се ослабне до степен што сега тешко може да се предвиди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сето ова се случува во само една секунда од метражата на целиот филм.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целата сликовна секвенција, иако е мошне кратка, ја исполнува силно, речовито кинематографско значење што значително ја засилува моќта што персоната на Џоан Крафорд ја има врз публиката и придонесува кон утврдувањето на особениот вид женственост што таа го отелотворува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената еднаквост за геј-мажите и за другите сексуални отпадници, ако некогаш ја оствариме, нема сама по себе да ја урне културната и нормативната доминантност на хетеросексуалноста, ниту единствениот облик на интимност што оваа го создава и го наметнува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Впрочем, песната отвора простор за многубројни „ние’, за многу жители во таа множинска заменка: таа го замислува обожавателството како простор за многубројни колективи создадени поради љубов и идентификација, која не е ограничена на еден род и на една сексуалност, сите настрано сврзани преку своите трансверзални односи кон филмската ѕвезда и кон нејзиниот мас-медиумски приопштен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но кое значење?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-живеењето не се согласува лесно со основните премиси на хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Првото лице множина, како прво, упатува на виртуелната заедница на обожавателите на Лана Тарнер, кои и да биле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што, во случајот со бродвејскиот мјузикл, нема да ја оствариш геј-желбата ако на сцената ставиш геј-мажи и прикази на машкиот геј-живот, така и во овој случај тешко дека ќе ја одгатнеш тајната зошто Милдред Пирс и Џоан Крафорд им се привлечни на геј-мажите ако ги толкуваш како дублерки на геј-маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но моделот на човечкиот живот што го претставува и што таа го промовира како хоризонт на стремеж за секој исправен човечки субјект, нема да го снема со озаконувањето на геј-бракот и со можноста на нехетеросексуалците отворено да служат во армијата на САД. ‌Ете зошто квир-политиката е толку многу подалекосежна, толку многу попреобразувачка од политиката на геј-правата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, рамноправноста на гејовите, сама по себе, нема да им стави крај на хетеронормативноста и на нејзините последици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа најпосле ја промовира визијата за љубов што ја крепи секој облик на посредство што таквата љубов може да го најде во кинематографијата (било како уметност, било како стока), во пријателството и во мелодрамата како емоционален и прагматичен жанр – иако не настојува дека една таква визија е остварлива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тоа исто така итро ја протнува можноста за инаков и поконкретен колективитет, за публика од филмољубиви кралици и воопшто од геј-мажи, заедница создадена од заедничкиот восхит кон оваа женска икона.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа буквализирачка склоност се повторува во објаснувањата што ја нагласуваат мажественоста на Џоан Крафорд – само види ги тие потполнки! – или што ги третираат неа и Феј Данавеј во Најмила мамичке како дрег-кралици, небаре е доволно само со такви размисли да се објасни зошто таа го фасцинира машкиот геј-свет.296 Сигурно, никому не може да му избегаат бучовските театралности во изведбата на Џоан Крафорд во Џони Гитарата, ниту има такви што ќе одречат дека Најмила мамичке почива врз зловесните задоволства на женското подражавање (макар и да било тоа само подражавањето на Џоан Крафорд од Феј Данавеј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во исто време таа го толкува реакционерниот тренд како еден обид од страна на мажите повторно да ја присвојат моќта врз жените која државата до извесен степен им ја одзела.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да сумирам, феминизмот го гледам како стратегија на работење со, и преку, оваа суштина на Жена во едно историско време кога таа го загуби своето супстанцијално единство конзумирајќи го како стока со повеќекратни значења и претстави за жени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа ги анализира структурите на национализмот како во основа хомосоцијални, докажувајќи дека антагонизмот кон жените од сопствената нација е една од првите форми на напад врз “Другиот”, и дека е конститутивен за национализмот, или за она што таа го нарекува “екстремен национализам.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Беше чедна, внимателна, но во моето срце немаше место за двајца и тоа таа го сфати.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Звукот се одбива од нејзината внатрешност, а преку воздухот што таа го содржи, тој тапо се одбива и се пренесува низ неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа го влечеше кон земјата, тој тежеше како камен на едно место.Неговиот крст тежеше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сепак таа го напушташе домот на Амбросели во попладневните часеви кога сеуште беше надвор видливо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И тоа со кого? Мојот син што таа го има чувано како дете.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Значи таа го познаваше неговото семејството и сето тоа и беше некоја гаранција дека сепак ќерка и е во безбедни раце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Како не и е страм! Ја примив од се срце во мојава куќа, а таа го злоупотреби моето гостопримство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Малото девојченце на возраст од неполни две години што таа го носеше во паркот со колица...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Изгледа таа го забележа моето изненадување и рече: - Ние сме просфиги...9 – и почна да нѐ води по патиштата што од Турција до Ревани, сега Дипотамија, пропешачија нејзините родители со двете ќерки и четирите синови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имам впечаток дека таа го забележа моето изненадување и побрза да објасни дека не изградиле куќа затоа што местото не е нивно и сама се прашува – како да градиш куѓа на не свое место?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓутоа, пожртвуваниот гаваз, додека бомбата не експлодирала, ја фрлил надвор и таа го убила и гавазот и атентаторот“116.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пишувајќи за тоа како ја доживеале Виничката провала, еден од идните гемиџии раскажува: „Таа го изнесе на видело постоењето на Револуционерната организација и ѕверствата на деспотската турска власт.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега имате друга мајка - тоа таа го рече зајадливо, - па зошто ви се блиските на мајка ти покојна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дури и татко ми сега сосема ретко помагаше во домашните работи, на кое таа го навикнуваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега, во зоолошката градина, таа стои на летвите кои го опкружуваат рибарникот полн со виножитни пастрмки долги 20 и 25 и 30 инчи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Слепа паника. Не можев да не помислам дека тоа излегување ќе го платам со жолтица или дизентерија, треска или нешто слично.” „Треска?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бебето со променливо име; како таа го носи, а тој непрестано плаче, добива воспалување по воспалување, кашла, претрпнува и се гуши.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја гледав како плаче, како плаче по мене и ја посматрав тенката скрама од пластика што виси на неа и, прифатив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не би ја ставиле неговата слика на тегличка со храна за бебиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И мостот беше поширок од што таа го замислуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го гушкаше Недела со едната рака и Далтон ја држеше другата рака, влечејќи ја низ жолтилото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така изгледаат пастрмките кои би смееле да си ги задржите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа го проголта залакот речиси незабележано, во еден трзај вратот ѝ се спушти и подигна како кај газела. „Умрев од страв“, рече таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Долу беснееше реката како серија на бранови, но побрза и поостра, без здив или кругови, а таа го држеше бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жолтило од симултаност и симболи и некоја мистериозна прослава коишто таа само нејасно ги чувствува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакаше да шмрка прашок поделен во линии долж широкото квадратно огледало кое што таа го чуваше до каучот, како некој волшебен екран во којшто можеш да гледаш како лицето засекогаш ти се менува. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 168
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше како пристаниште со две железнички шини во средината, една потенка, а другата подебела и еден неупотребуван пар шини покриени со ’рѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мостот беше направен од железнички спојници и меѓу нив имаше дупки во кои може да ти се фати стапалото, а и нешто малечко може да пропадне низ нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова е бебе на спазми, со искривено лице кое си ја менува бојата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон рече дека очите се најдобриот дел и ⥊ даде едно и тоа беше бело како расцепена месечина и таа го изеде.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ден тајно го нарекуваше Недела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа ми помогна да влезам во тоа, ми пробуши две дупки за ноздрите, го повлече патентот на грбот и цврсто го навлече преку мојата глава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега таа навлегува во некое жолтило кое ја прави и немирна и ободрена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа го сврте погледот. „Направи го тоа за мене“, рече со најтенкото гласче, „ако навистина ме сакаш.“ На крај прифатив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Трчав по кејот, молев за помош и гледав во телото кое исчезнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Глуварчето падна на нејзините гради. Повеќе не се видовме со Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно попладне, кога се вратив дома по долгото лутање низ градот, мајка ми потсмешливо ми рече: „Те бара едно весело момче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзините тенки нозе, оклопени со металните апарати кои ги придржуваа, изгледаа кревко како стебленца од растение раснето во мртва сенка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас клекнав крај неа, ѝ ги фатив рацете, а таа го потпре своето лице на мојот врат, ја слушав како плаче, како испрекинато дише, и знаев дека со солзите заради нејзината физичка немоќ се мешаа и солзите заради една друга болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби тука лежи тајната на поврзаноста на мајката со детето – таа го гледа како дел од себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го видов и последниот негов чекор, по кој падна во водата, и таа го понесе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја позеде книгата, од помеѓу нејзините страници испадна пресуваното глуварче кое во паркот едно дете ѝ го подаде на Сара низ решетките на оградата, и кое таа го имаше ставено меѓу страниците од книгата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, за време на попладневните прошетки во паркот, Криста му се приближуваше на доктор Гете, и му велеше: „Сакам дома.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се смири, ја зеде книгата оставена на креветот, и ја врати под перницата. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога нема да го гледа така, ќе го осуди на смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А таа го фати работ на фустанот и го крена над глуждовите, над колената, над бутовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа го развитка крпчето, помина по гранчињата со прстите, и рече: „Ова не е моето семејство.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ги раздиплив картоните меѓу кој лежеше акварелот, кога го извадив на дневна светлина, забележав оти тоа не беше портретот со лузни, темен и оскбен, тоа не беше ликата на остарената, грешна и гнилежна Ангелина, туку во боите сјаеше ангелско лице, онакво какво таа го посакувала во молитвите упатени до Троичниот Бог и Пресвета Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но новите управници во Бугарија ни велат: тоа е Русија крива; Русија се плаши од една голема Бугарија и затоа: таа го кладе Фирмилијана, таа сега не сака да ѝ даде на Македонија автономија, таа не нѐ остави нас да се подготвиме и да војуваме со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сега, на полноќ, таа го крева погледот само до писмото, не подалеку.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се враќа во Градот и додека пред сомничавите очи на домашните пали оган на ѓубриштето или ја удира иглата со конец по тврдиот камен, таа го сонува совршениот љубовник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби и јас од дното на душата ја мразам депресијата, можеби оти таа го претвори тато во лебарка, па доста рано емигрира од животот и остави сами да дишеме од кислородот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа го истакнува Меѓународниот фестивал за современо драмско пишување „Корпус текст“ и додава дека токму тој отвора простор за организирање творечки работилници, јавни читања и дебати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повторно ја погледна и таа го почувствува ритамот на тапанот како полека ѝ се качува од под стапалата и ѝ запира некаде во стомакот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во поплавата од баналности, таа го виде чамецот што им беше испратен за да ги спаси од нив самите, онакви какви што беа – огорчени, загорчени, отапени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури и оваа негова мекост беше природна и таа го почувствува уште поблизок.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И со својата постојана грижа за земните работи, со своето внимание кон него, со телото и со душата своја, таа го осветува, оти само преку неа тој е весел во својата тага и имотен во својата беда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Да, да“, таа го потсврте филџанот кон прозорецот за да види поубаво.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа го метеше училишниот двор, зашто беше сиот прекриен со паднатите пожолтени лисја.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сега веќе таа го смирува него.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој ја викна сестрата и таа го боцна болниот со шприц, заради што тој заспа со насмевка на усните.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Економот се викаше Александар Јаковлевич, а неговата жена Александра Јаковлевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие дури сакаа да го претепаат Миша, но болничарот деликатно и во исто време решително ги прекина нивните неправилни дејствија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој ја викаше неа Сашхен, таа го викаше него Алхен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По вечерата тој ќе замине кај неа. Таа го чека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
okno.mk 141
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- А, бре момче - му рекла таа, ќе те прашам ако не ми кажеш, од кој град си и чи си и колкугодишен си?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја навалиле пријатели да не се чинит каил за да го обесат таквоо момче, чунки мажот је умре, тој веќе си отиде, назад не се враќат, ами да си го земи полјачето за маж, да ја гледат, да ако је таа постара од него; не оти таа го зема од бес, ами од ал го земат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Змејко сега се мачеше да погоди што можеше да биде во неговата собичка она, што не би ѝ се допаднало на Мара, сето време просто ја гледаше како таа го изнаоѓа тоа уште со првиот поглед, а кога не успеал во тоа, тој ја пушти таа пуста работа и отиде да си ја сместува храната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Низ светлата мрежа на утрината, спуштена над лозовите лисја таа го гледа Арсо свеж, облеан со розовина, израстен меѓу ластарите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој е мажот што ѝ се јавил во соништата. Нели таа го оттргна од смртта и неговиот живот è припаѓа само нејзе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И таа го сеќава гладот на моите очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вклештена меѓу рабовите и железната рамка, таа го притискаше своето тешко тело во ѕидот и ја спречуваше светлината да продре во ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Изгледа таа го забележала неговото присуство. Тоа е јасно за него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не само што не ѝ ја тресна вратата, како што му рече попот Матлија, туку се изгушкаа и пак почнаа да си живеат како што си живееја порано: таа го метеше дворот и пееше, а тој ги подмачкуваше вратите да не крцкаат и ѝ помагаше во пеењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, таа го љубеше Огнот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само што го зедовме сокот, падна нова наредба да им подели лижавчиња на дечињата и тој, без поговор, иако наполу подготвен да седне, се исправи и почна да буричка по торбите и, додека јас го одвраќав, дека, ете, нема потреба и дека децата ќе ги тера на вода, таа го погледна строго и тој пак се нурна назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа го прочитува, тој ја засакува таква каква што е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И одново го врти, го стега чепот. Таа го врти чепот, а мене ми се врти во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со крстосани раце си ги држела рамениците, се обидувала да се заштити од струењето на студениот воздух. Нозете несовладливо ѝ трепереле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој покажал со рака кон најмладиот дочекувајќи миг кога таа го погледнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто мирисот што таа го носеше со себе ги покри тогаш сите мириси на летото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вечерта се врати не вртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда, како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А штом таа го сака, за вујка и не не интересира.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ѓорѓе проба да калеми нов калем на својата лага, но таа го прекина неговото пелтечење со веќе подготвен одговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Воздивна со кревање на главата и вкрстување на дланките со шепот кој само таа го слушна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако коцките беа наредени, целосното откривање на мозаикот таа го остави за најголемото изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Користејќи го моментното отсуство на Томо, таа го извади белото плико од ранецот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиното доаѓање беше онака како што таа го замислуваше. Спектакуларно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја погледна Херкулина. Таа го искористи моментот за да покаже кон својот рачен часовник и да го потсети дека времето за посета истекло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа го водеше за рака низ големиот и мистериозен лавиринт на таа затворена општествена заедница, во која никој не би се осмелил да се јавува по телефон на полноќ и да ја бара жена си.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А стопанот е индиферентен – мавта со рацете над главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Младите чиновници се поднасмевнуваа и се подбиваа со него, сѐ додека не се исцрпеше канцеларискиот хумор, тука пред него раскажуваа различни приказни што ги измислиле за него: за неговата газдарица, седумдесетгодишна старица, раскажуваа дека таа го тепала него, се распрашуваа кога ќе биде нивната свадба, му истураа врз глава хартичиња, велејќи дека тоа e снег.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сонуваше нејасен сон во кој ја виде Марија во раскината венчаница испрскана со крв и се разбуди со страшна увереност дека повторно го напуштила, оставајќи го сам во тој голем свет, овојпат засекогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа го врати назад. Јас му велам на стопанот: – Колку сме должни за трите изедени слатки?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мене ми бега мислата кон воздушните струи што вестат снег, кон трпките на мазното тело што гази снег, кон човекот што го погребуваме, а таа го напушта погребот со изговор дека ѝ ѕемни, дека не може повеќе со жалните слики и заминува со автобус.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не оставајќи ѝ време да реагира, ја повлече со левата рака, а десната ѝ ја стави околу вратот и му викна на Сатурн Волшебникот: – Одете си! Сатурн побегна избезумен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се тегне бузата на охолоста, игра мустаќот дар дара дам, а велам: ниту една! Ах, не лажам!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Теоретичарот на правото, Џејмс Џекобс (James Jacobs), не греши кога вели дека расправата во врска со легализацијата во Соединетите Држави се води на погрешен начин; таа го скршнува вниманието од сѐ што би можело да се направи за да се намали злоупотребата на дрога и да се формулира разумна политика за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но во тој случај Маргарита, ако било што можев да предвидам, тоа е дека во еден момент расеано ќе се сврти кон прозорецот и дека тогаш, во тој случај, Маргарита ќе го види мојот одблесок, вкрстување на погледите на ликовите од тоа стакло врз кое темнината на тунелот става одлики на придушено огледало, го става својот виолетов плиш што се движи давајќи им на лицата живот во некои други рамништа, одземајќи им ја онаа ужасна маска на креда што им ја навлекува комуналното осветлување на возилата а особено, е да, тоа не можеше да го порекнеш, Маргарита, кое ве приморува вистински да го погледнете она друго лице на стаклото бидејќи во магновението на двојниот поглед нема цензура, мојот одблесок на стаклото не е исто нешто со оној човек кој седи наспроти Ана и во кого Ана не смее отворено да гледа во вагонот на метрото, 59 а освен тоа онаа што токму го гледа мојот одблесок веќе не е Ана туку Маргарита во моментот кога Ана брзо го тргна погледот од човекот кој седи наспроти неа бидејќи не е згодно да го гледа, но кога се сврте кон прозорското стакло, таа го здогледа мојот одблесок како демне на тој момент, за благо да се насмевнам, без дрскост а и без надеж кога погледот на Маргарита како птица ќе падне во неговиот поглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Штом едно догорче ќе се вкочани, таа го пали следното.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Проблемите предизвикани од сегашната војна против дрогата ме загрижуваат исто колку и Даг Бендоу, иако се сомневам дека стратегијата за која тој се залага е правилна и може да се примени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш се погледнуваме, Мари- Клод ја подигна главата за да ме погледне во очи; грчевито држејќи се за шипката од седиштето чувствувам дека јас и сум всушност она што таа го гледа, нешто толку бледо како и она што јас го гледам, бескрвното лице на Мари-Клод која ја стиска црвената чанта, која ќе го направи првото движење за станување додека возот веќе влегува во станицата Доменил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од кругот на салата ѝ приоѓа принцот и таа го препознава момчето што на улицата ѝ ја украде влечката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, не мора да ѝ кажам. Таа го знае тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сепак, со следната средба, таа го установува тоа во неговиот запенет поглед. Од што ѝ се гади.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Истото тоа и таа го прави за универзумот, и така до бескрај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Навредено, молчешкум и одвај, заедно со другите излетници, таа го искачуваше лизгавото ритче.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сигурно тоа ќе беше по ред, тоа на крајот таа го заслужуваше, - но вие ќе разберете дека човек понекогаш сака да избега од редот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледа Богдан, но и таа го гледа него од сликата поднасмевнато, благо, ѝ ги слуша зборовите што му ги велеше кога беше дете: „Ах, Богданчо, место ние да те повелуваме тебе, ни нас нè повелуваш...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа го повика кај неа дома и му даде една соба во куќата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа го пречека како што го пречекуваше во сонот: со кафе, со пијалак, со проѕирна наметка на неа, со седнување крај него на каучот, со допирање со голите колена како што го допираше во сонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Богдан ѝ купи прстен, и откако таа го стави, откако не ја чувствуваше веќе таа празнина на прстот, не го сонуваше повеќе тој сон.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кај неа дотрчува нејзиното куче кое веројатно шетало неоколу и ѝ седнува во скутот; таа го жулка, го гали по главата; тоа чувствувајќи ја нејзината нежна, мила рака, уште повеќе се припива во неа, уште повеќе се умилкува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа почна да ја мачи неа, да ја копка, да ја предизвикува, да ја обзема, та едно утро кога се возбуди после една таква возбудлива средба во сонот - го пречека пред зградата, и откако вообичаено се поздравија, таа го покани кај неа на кафе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По извесно време таа го завика Богдана, Пол.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека издресираа куче да го води мажот ѝ Вајс, таа го водеше низ просториите на Пансионот, на прошетка по парковите или по работа во градот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По оваа ноќ таа го отргна Богдана од работата со кучиња и го зеде за свој помошник.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Доаѓањето негово кај неа, таа го чекаше нестрпливо, помагајќи да му ги слечи работничките алишта истркани со малтер под кои се откриваше неговото јадро, мажествено тело, од кое и при најмал допир таа се возбудуваше силно, како типката од клавирот што при најмал допир се возбудува и испушта звук што долго трепери.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но таа го гледа и чека одговор. Тој прошепнува: „Така нешто...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Згора виде парче хартија, писмо што таа го напишала, но не успеала да го прати: ”Јас си заминувам на оној свет каде што господ ни дава уште еден живот за да го надоместиме она што не сме го имале на овој...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога наближа кај Богдана, таа го запре коњот со мака тргајќи го со сета сила за уздата и му рече на Богдана не слегувајќи од коњот: „Ха, мислеше не ќе те најдам...“ и го удри коњот со петиците по слабините.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И таа го погледна како да е предмет. Не ти се допаѓам, сестричке, се насмевна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еднаш беше во гнездото на Марија. Таа го праша - Зошто хирургот те вика Отец Симеон?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Јано, Јано, Јано“, и во овој миг кога таа го нурна своето лице во неговите гради за да ја убие својата гласност, знаеше дека илјада безбојни кепеци што ги родиле грешните ноќи се збираат околу нив и ја пеат химната за една Марија со друго име и само со малку поинаков вкус на жедните усни, малку пред тоа кога му рече „Немој, некој стои таму, гледај“, и кога и рече за бронзениот паметник на поетот, со бела нишка месечина на носот: „Тој не гледал ни кога бил жив од ѕвезден песок што му ги нарасил очите“, малку пред тоа кога долго не можеше да ѝ ја откопча со одвитканите прсти црната блуза...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Врз одбраната од таа „загуба”, одбраната на племенската аутистичност, таа го заснова „новиот” век на авторитарна власт над самата себе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не треба да ѝ се придава значење што таа го нема.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И токму на тој начин таа го разубавува сувопарниот миг од работните обврски, несвесно дури преточувајќи ја и сета техничка терминологија во една продолжена, незгаслива метафора.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
А таа го препрочитуваше и препрочитуваше писмото од Петар со часови не излегувајќи од собата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше момокот Васе, со мало писменце кое таа го грабна, се затвори во собата и најбрзо што можеше го отвори. За малку не го искина од возбуда.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа го прегрна силно. Се љубеа силно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше опкружена со вревата на животот на своите внуци, внуки, рожбите на своите рожби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно го одложив пишувањето на вистинскиот одговор на писмото на Мајка, каков што таа го заслужуваше, да го заслужам спокојот во нејзината душа кој недостигаше во мене, а јас тоа силно го чувствував во себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXV Според татковата размисла кога една цивилизација започнува да се прашува за смислата на Историјата (Историјата ја пишуваше со големо И), тоа значи дека таа го насетува скорешниот пад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Охрабрувана од нешто што само таа го знаеше, се обидуваше да се спротивставува во тие мигови на осамата, верувајќи дека полесно ќе ја совладува со татковите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вечерта се врати невртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јага Перуника беше побрза кога Марко се наведна по револверот; таа го зграпчи оружјето и го пикна в пазуви: не ќе стрека нејзиниот проклетник, не ќе му дозволи дури и ако се заколне дека ќе се ожени со неа, веднаш, во самата крчма на еден покоен Миломир.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа таа го позна и, мислиш, пречекува свој домаќин што се враќа од живеење, се поттргна, без збор ослободувајќи му пат кон светлоста зад себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но таа го сакаше Јирачек и затоа Прифатниот центар ѝ беше само попатна станица за новиот свет во Равена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оваа средба Ема ја закажа претходниот ден, по разговорот што таа го имаше со Шефот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ваквата помисла и стана многу поверојатна откако во себе го слушна одгласот на она што го рече госпоѓа Мариела: “Но, тоа не е сè, драга моја Ема,” што таа го доживеа како меко перниче од кое негде-годе излегуваа остри игли упатувани на едно исто: нејзината врска со Наротакис и нивните чести средби во нејзиното студио.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема Ендековска имаше висока почит кон госпоѓа Мариела и тоа таа го искажуваше на начин кој беше во согласност со културата на нејзината пријателка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во краткиот разговор, Шефот на Ема ѝ даде конкретни и прецизни инструкции, според кои таа требаше да ја наведе Илона на нешто што беше сосема спротивно на дотогашното инсистирање на полицајката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа го сакаше мирисот што ја обземаше во тој миг, тоа не беше мирис ниту нејзин, ниту на Лилица , ниту на Андон, тоа беше некој мирис на ветрови што се раѓаат одвнатре и носат реа на пот и плодност, мирис кој тешко може да се именува, како кога ќе влезете во кафеана во која никако не можете да кажете од кое јадење е тој мирис што ве тера со стрв да подголтнувате, затскривајќи се тоа да не го видат другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имав впечаток дека Илона постојано живее во тој свет, иако беше со нас, заградена со талпи во светот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Мислев дека ќе се вразумиш, но ти си веќе луда”, ѝ велеше Стево Трајчов на Цвета, поднаместувајќи си го задникот на фотелјата нанапред за да ѝ го даде тоа што таа го очекуваше, клекната на коленици со широко вперени очи во него, со очи поголеми од нејзиното ситно, пегаво лице испупчено напред во чпрто носе и со танки развлечени усни од кои по страните секогаш, додека му зборуваше, се подаваа облачиња со кисел вкус.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Всушност, јас и немав време да размислувам за тоа бидејќи со Ема речиси во истиот миг, кога се зароди таквото љубопитство кај мене, јадевме јаболко што таа го зеде од првата фиока на своето биро, го забриша вртејќи го неколку пати во дланките, а потоа силно го стегна со палците во вдлабнатината кај шишката и го преполови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“ (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна) со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови) брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус) Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна) знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот) шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа ме потсети на едно попладне кога во “Луна”, спуштајќи го бавно филџанот со кафе на масата и гледајќи ја в очи, изустив нешто меѓу прашање и констатација („Ти, можеби, се виде со началникот пред да дојдеш овде?!”) а таа го стемни челото на кое за миг бликна пот и рече “Круме е човек за разлика од тие околу него”, најверојатно за да го одбегне одговорот во што ме увери играта на нејзините ситни прстиња на мојата подлактица легната на масата како клавијатура на која се бараа смирени тонови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Патот до топлото одајче на тетка Асја имаше три скали, така таа го нарекуваше посредувањето со оние кои точно знаеја кои се тие три скали и, што беше особено важно, знаеја колкава е цената за да се минат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Посебниот притисок што таа го вршела врз човечките суштества помеѓу Неолитот и почетокот на дваесеттиот век исчезна и е заменет со нешто сосем различно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа го мразеше тоа, но ништо не можеше да ја спречи да го прави.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И таа го имала својот момент на цутење, од можеби една година, со убавина на дива роза, потоа брзо се раскрупнела како оплодена овошка, па отврднала, кожата ѝ станала црвена и груба, а потоа нејзиниот живот се претворил во перење, чистење, крпење, готвење, метење, бришење прав, шиење, перење најнапред за децата, потоа за внучињата, и сѐ така без прекин повеќе од триесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше поради атмосферата на полињата за хокеј, на ладните туширања и на заедничките походи и, воопшто, на чистоумието што таа го ширеше околу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чудно беше дека самиот факт што ја држеше таа фотографија во рацете му изгледаше значаен дури и сега, кога самата фотографија, како и настанот што таа го забележуваше, беа само сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џулија изгледаше како да е сосем навикната на таков вид разговор, што таа го нарекуваше „разговор на рати“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа го помести својот незграпен чевел неколу сантиметри и намерно скрши едно гранче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ретки прилики, таа го земаше Винстон в раце и долго го притискаше на градите без збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За разлика од Винстон, таа го беше сфатила внатрешното значење на сексуалниот пуританизам на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доволно беше дека таа го надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На секој оброк таа го преколнуваше да не биде себичен и да не заборави дека неговото сестриче е гладно и дека исто така му треба храна, но немаше фајде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш кога се случи да ја спомене, во некаков контекст, војната против Евразија, таа го изненади изјавувајќи незаинтересирано дека, според нејзино мислење, таа војна воопшто не се води.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби зашто тој страдал и немал апетит, таа го презела напорот да го изеде јадењето, реков во полушега јас, сакајќи некако ако е можно да ја оправдам чудната постапка на таа мајка што, ете, останала толку години во сеќавањето на Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа тука е амамот во кој таа го капе братот...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поттикнат од тоа што ми рече Лена за гневот на Симона, онака како што таа го сфатила, јас сакав да ја заокружам претставата за односите меѓу браќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бидејќи јас не се осмелував да се поместам, таа го фати со едната рака за ременот околу вратот, и со другата почна да го чеша зад ушите, сѐ така говорејќи му дека бил добар пес, убав пес.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И така таа го фаќала како седи пред телевизорот, а отсутен, со половина поглед свртен кон неа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ден по ден езерото се смалувало надолу, а бидејќи веќе повеќе години водата работела на тлото, поткопувала и ронела, таа го сронила и оној ров при дното од падината спроти гробиштата во Долнец, во кој беа биле натрупани телата на дванаесетмината стрелани од Борко и од неговите луѓе во 1944-та.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но тој веќе ѝ го имаше фатено фустанчето и ѝ го тргна нагоре. Таа го стискаше со рацете и не го пушташе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Навечер легнуваше доцна, а наутро спиеше долго и не стануваше кога таа го будеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа го згрчи лицето. - Варварин! - му свика и почна да плаче.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја тераше сега Дукле да јаде колку што сака, но таа го изгуби апетитот, се разболе, падна во депресија, не можеше да стане од креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се присетуваше и на други работи кога таа го тепаше и затвораше без јадење; се потсетуваше и сè повеќе чувствуваше одбивност и омраза кон неа. XXVI Богуле секој ден сè повеќе се оттуѓуваше од мајка си; гледаше што помалку време да е дома, што помалку да се сретнува со неа; и што и да го прашуваше таа, тој молчеше ништо не и одговараше; се обидуваше таа и со убаво и со благи зборови да го скроти, да го смири, да му каже дека само него го има на светот, дека тој ѝ е најмил од сè, дека тој е главата на куќата, дека тој е домаќинот, дека тој треба да ја преземе сега грижата околу имотот; го чекаше за јадење, и за ручек и за вечера, но тој не јадеше со неа; му оставаше напишано на ливче каде се наоѓа на работа, на која нива или ливада, да појде и тој да ѝ помогне во работата, но тој не одеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога влегоа „кучеубијците“ во дворот на слепата Донка, таа го имаше скриено кучето во кералот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Всушност, таа го собира и го упатува на самиот себе само доколку го отвора за тоа придвижување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа го прегрна, покажувајќи ја на тој начин својата подготвеност да го прифати детето. Да го негува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нели таа го доведе дома, набргу откако се засакаа? Но, ете, изгледа кај нив не е така. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не требаше да се налути кога таа го поврза разводот со забременувањето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако не дојдеа комшиките, таа го вадеше во дворот, до портата. Марија ја разбираше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа одлучи да замине. Таа го направи тој прв чекор...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа го избегнуваше погледот. Гледаше кон реката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Набрзина, намерно, таа го препраша дали да ја прифати поканата од Хелвиг да оди во Германија. Да се сретне со детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога го слушна разговорот, Марија се уплаши, Хелвиг да не помисли дека таа го убедила Карл да остане.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Хелвиг беше под такво нејзино влијание, посебно откако таа го роди синот, што комуницирањето со мајка му и татко му беше вистинска реткост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па во крајна линија, таа го сака него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
После сфати дека таа го прави тоа намерно, за да избегне било што да се зборува за болницата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа го сакала. Се решила да тргне во голема неизвесност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа го стисна девојчето на градите и така преседоа сите четворица до зора. Се свршија и овие два адети.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури таа го испрати до портата и му рече: „Ај со здрзвје".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште кога таа го виде оти иде, со трчанка се окри во тремот, оттаму преку куќа, низ мала врата, та дури дома со бегање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојо го забележа тоа, ама таа го маслоса некако: дека и се јавила мајка и и и рекла „ногу ми е темно на вечер, Барем по некоа дедика да им светнуаш колку да си повечерам".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бабата пишти и го стиска внучето, но едниот ја удри со тилјето од јатаганот по раце и таа го испушти детето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но таа го виде само едното дете прободено, додека другите две свекрва и успеала да ги скрие во кочината, та не ги нашле, и тие останаа живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И кога ја дотераа и неа сејмените од црквата на сретсело пред кадијата, овој ја виде, таа го заслепе со својата убавина, та му нареди на својот буљукбашија Суљо-ага да ја однесе жива на конакот во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овие зборови Анѓа и ја открија целата тајна зошто толку многу таа го сакала Стојана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но таа го повтори и по трети пат тоа. – Ѓубре е сето тоа, сестро, ѓубре според верата и слободата. Според душата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа го таи сонот и Костадина во сонот. што подолго нека се задржи тука, да не биде сама.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Никој не развража пред тоа, а таа го виде него!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Убава е Родна моја, му минува, има убаво тело, таа го топори во очите на сите, ама само под него го постила!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чичо Диониш, како што таа го викаше старчето, никако да сфати дека се вратија во Македонија, постојано прашуваше, на влашки Кој ни ја зеде куќата?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги чувствував овие нејзини зборови, како последен аманет, што никогаш не го заборавив. – Мајко – започнав тивко, откако таа го угасна телевизорот – се готвам да патувам за Франција. Ќе останам два месеца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се до­биваше впечаток дека таа го чита Куранот, а не каталогот на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа го криеше знаењето на францускиот јазик од нас, децата, како да беа во некаков антифранцуски сојуз, обајцата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И своето верување во Бога таа го поврзуваше со мисијата која ја имала од него – да биде жива само за да си ги спасува животите на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко нежно ја бакна и ја покри со наметката, со која таа го покриваше него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не беше лесно да се трага по небото на Мајкиниот живот, по ѕвездите на нејзиното детство, по нивното тивко ноќно зрачење во ведрите години на животот, по миговите кога таа се ослободуваше од својата длабока внатрешна тишина и носталгично ни дошепнуваше по некоја нејзина, само нејзина тајна која не допираше до Татко или, кога ќе допреше, таа го немаше поранешното значење, значењето коешто некогаш го имала за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа го беше достигнала, со упорното читање, последниот Татков диоптер пред да почине и сега се служеше со неговите очила, со стакла со неизбришани траги од исушени солзи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веруваше дека таа го чека на другиот брег на самотата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го владееја, а го криеја од нас... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повторно го уверуваше Татко, сите нас, дека ката­ло­гот мора да биде тука некаде, во куќата, макар што сите добро знаевме дека таа го загуби по последното патување на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Според неа, она што таа го нарекува соголена душа е сенката која талка помеѓу двата брега на егзистенцијата, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се сеќавам на уште еден настан од животот на Мајка, кога таа го толкуваше постоењето на душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа го прекина тоа што во моментот го правеше за да каже дека влегле двајца млади луѓе. Добредојдени се.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Студираат медицина. Едниот од нив доаѓа од Гурок (тој).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Штом го виде Свановото лице, таа го промени тонот: - Ти си бедник, уживаш да ме мачиш, да ме наведуваш на лаги што ги измислувам само за да ме оставиш на мира...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Душата не зависи од телото, тоа не ја движи, па по умирањето негово, не умира и таа; таа го движи телото, се движи себе си, па спрема тоа, несомнено, по смртта на телото, си го продолжува своето движење, својот живот. А душата на животните тоа не може.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И за сите четири години таа го чекаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа го прекина: - Гледајте си ја вашата работа... Оставете ме на мира...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А кога отиде да ѝ држи епитимија, таа го гледаше збунето, возбудено, не слушаше ништо што ѝ чита; му рече: Оче пред три дена сонив сон што ме мачи и што сакам да ти го кажам за да ми олесне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но таа го одби, ги зеде алиштата во сепетката и си замина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во главата на Еда засврдли прашањето кога таа го имаше последниот преиод.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога таа го праша до каде оди, стана свесен дека го слуша работењето на моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Летка не ѝ се спротивстави на неговата намера, но тој, бидејќи не знаеше колку е сериозен разговорот што таа го води, помисли дека можеби претерува па почна повторно да ѝ ги закопчува панталоните поттргнувајќи се од нејзиниот задник и повлекувајќи ги дланките кон слабините со намера да ги прошета нагоре за да не ѝ помислат дојките дека ги заборавил. Најмилото е најсуетно...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Едо се качи на столот и се пресегна кон фасонката, таа го фати над коленото. Да го придржи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едно време таа го крена погледот со очите полни солзи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Паца тоа ѝ поласка. Иако таа го опомена: „Да не кажеш нешто да ме изрезилиш!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ѝ обрна внимание, таа веќе насмеано го гледаше и штом тој ја забележа, таа го тргна погледот од него и отиде натаму кон касата каде што беше клапнат дебелиот човек, сигурно стопанот како што подоцна дозна Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот при тоа повеќе имаше чувство дека таа го забавува одошто тој ја учи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш и таа го праша, еднаш пред брак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Таа веќе кажала“, рече. „Таа го знаеше мојот мрак.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше, можеби, првиот букет што таа го доби во тие времиња, откако ја поминавме границата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога го виде, таа го прегрна и се расплака... ___________ * Господи!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа таа го зеде сукалото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И токму кога се подготвував да истапам отворено и храбро и да го исправам Вртанов пред сите овие обвинувања, во собата се втурна најнапред главата на Росана, поточно нејзиното лице, а малку потоа, додека се придржуваше со едната рака за рамката на вратата пред мене таа го изложи и своето раскошно разголено торзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак, и во неа има вина. Таа го прифати токму таков: човек во „трето лице“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веднаш сфатив дека таа го знаеше моментот на моето пристигање бидејќи во истиот момент додека влегував таа го крена погледот од масата и се сврти кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Барем она нејзино: добра ноќ! (А тој, секогаш си замислува дека таа го следи речиси во чекор, па затоа постојано е во очекување да му се јави).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го зеде чаршафот од фијоката, (веројатно таа го имаше здиплено и оставено таму), и го посла пред нас.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Трепери молкот, Тоа глобоко, тоа темно око, Со кое го следиме сивото, Невидливото, тоа далечно Слачно тесто што таа го цеди, Тие шумливи, тајни болкореди, Од загодочно и од мрачно, Врз очи што се гнезди, се лепи, Та ние остануваме слепи За искрите, за сјајот, за лачите.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
За миг се двоуми и ... со првиот замав веќе се испишува петтата страница – за разговорот што на плажата во Сарај го водеше во едно дамнешно лето со татко му – за љубовта на мускетарот Атос спрема безмилосната Миледи: „И тој ја убива иако ја сака, а и таа го сака“...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си разговараше тој, со пријателите или со случајните намерници (за прв пат со поп и со начитан келнер) ноншалантно за теми од гимнастиката до метафизиката.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа го погледна студено. 76 „Кора“, ѝ рече тој додека јадеше, сега веќе опуштен, одново почнувајќи да се возбудува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Влезе во станот и не ја виде жена си ниту ѝ го чу гласот, но таа беше таму, па тргна кон столицата сакајќи да остане незабележан, но таа го гледаше додека ја допираше столицата и додека немо седнуваше. Седеше долго така. 85
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Прилегаше здрвено и неудобно во нив, додека таа го одмеруваше со погледот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ноќта, околу девет часот таа го чу како извикува: „Кора!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Супата веднаш ќе биде готова“. Таа го стисна црвеното копче на кујнскиот пулт и десетина секунди подоцна нешто тапо лупна на гумениот приемник. 53
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ох“, рекла Брунила, трагачката по загубената крава. „Крилест човек.“ Така таа го примила тоа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа го слушаше само силниот наплив на крилјата на вујко Ејнар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Оваа омеѓеност, меѓутоа, не претставува хендикеп, таа го одредува плодотворниот амбиент на силните влијанија што младиот Бредбери ги почувствувал од опусот на Едгар Алан По.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А толку посакував, ако е можно тоа, Катерина да остане скраја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога се сети дека е ноќ се насмеа со чуден глас: - Штета, беше темнина, нели? - праша и ми ја пушти раката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Си се препознал - го повтори своето тврдење Грофот но овој пат без да ме погледне. – Подобро е да ми веруваш мене одошто на сеништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– За жал таа го изумила датумот кога ѝ се родил сопругот – додадов по малку злобно и љубопитно ја очекував неговата реакција.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, на тој начин таа го објаснуваше нашето задржување помеѓу сенките во паркот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се случувало понекогаш осаменоста и да нè поттикне, реков а верував дека таа го вели тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Има дојдено за да ме одбрани од злото чие што наближување и таа го има насетено, помислив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако се немавме видено од вчера изутрина знаев дека таа го имаше навлечено на дебелите меса она нејзино мини здолниште стегнато со кожен колан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И бев со впечаток дека осмислувањето на деновите таа го разбираше покрај другото и како потрага по нови изненади.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секогаш кога ќе ме замолеше да ѝ го подадам тоа кожено коланче јас грубо го нарекував каиш. Нели, само за да ја збеснам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сеќавам на онаа вечер кога неочекувано праша дали ме привлекувале и други нешта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„А можеби и го излажал оној проклет Иван Степанович дека некоја вила од нивни крај му довел, и дека таа го очекува во креветот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го прашувам татко ти во врска со овие откритија на Рајна: "Што мислиш, руски човече?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Многу ги сонуваше Ролан тие нивни жени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, јас го немав видено детето подолго време, но кога го изговори Рајна името на Ролан, наеднаш ми светна, знаев дека таа го пронашла одговорот на мојата зачуденост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ што ќе ѝ речеа татко ѝ и мајка ѝ, таа го примаше со лутина, со нервоза.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога ќе немаше никој во паркот, тие седеа на клупата, таа го вадеше огледалцето, се огледуваше и му даваше и нему да се огледува, се чешлаше со чешлето, а понекогаш се чешлаа заемно: таа го чешлаше него, тој неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога татко ѝ ќе ја пратеше Венче да му купи весник или нешто во самопослуга, таа го викаше и него и заедно одеа да купуваат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Земајќи парче од располовеното јаболко,таа го гризна, и предадена во прегратката на момчето, за прв пат го сети вкусот на хазардот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Насетувајќи ги под белиот чаршав облиците на мажот, таа го сонеше како ловецот млад елен што преплашено бега во шумите, чувствувајќи дека е следен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Лиминални Постлими­ Предлиминални нални Гранична виза надзор проверка Слика 1: Границите како преодни обреди Границата има дискрециона функција: таа го исклучува опасното и го пропушта безбедното.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кога таа го правеше тоа изгледаше многу лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дора исто така почна да се кикоти, па случајно и таа го испушти своето ќофте.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми се јави и рече дека во тестот има највисока... ммм... како се вика?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можев да ги свиткам нозете; пробав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И нејзе ѝ падна врз панталончињата и сега двете девојчиња се кикотеа и се држеа за стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа го држеше клучот и низ дебелите стакла од очилата гледаше да не се сопне по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа го искапала детето, го преповила и го дои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прочитувајќи му ги чувствата, таа го охрабри: - Што и да се случи, вечерва имаш право.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со векови таа го чекаше да се покаже зоографот а кога сфати дека тој е безнадежно отпатувал таа само ја допре неговата четка обесена на ѕидот и некаде пладнето крај неа оживеа русокосо момче со пеги на лицето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
На одење таа го отвори ковчегот и од него извади шамивче, здиплено и порабено со срма.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Со голема почит Луан Старова XIX И кога очекував Елен Лејбовиц да продолжи со пишувањето за големите теми од Балканот и Европа, како што тоа беше во нејзиното претходно писмо, кога се задржа на темата на жртвувањето на козите на Балканот и на лудите крави во Европа, кое како синдром го следи човештвото уште од неговите мугри, таа го сврте вниманието на сосем неочекуваното испраќање 50 книги од расказите на Алфонс Доде, меѓу кои беше и новелата Козичката на господинот Сеген, со кој авторот постигна светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Вашата поштенска пратка со различни написи за вашите книги најпосле ми пристигна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога се појави Елен Лејбовиц во светот на моето пишување, навлегувајќи длабоко во трите книги од балканската сага имав чувство дека таа го беше открила и моето страдање поради татковото отсуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мојата сопруга Гзиме, која патем ви благодари за испратената книга на вашата сестра Филозофија на меѓународното право и која веќе се наоѓа во нејзиниот Правен факултет во Скопје каде што е професор, ја наследи достојно мајкината вештина во месењето на питата тикуш и таа го внесе вкусот на новите зачини откако ја добивме вашата пратка со миризбите и вкусовите на вечната Прованса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Малку ја ублажи отказот што таа го доби од работа. Потоа се вработи како ѓубреџија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Нормално, поголемиот дел од времето таа го поминуваше спиејќи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мита фрла во него грст планински чај и кога во целата земјанка се чувствува сладуњаво - горчлив мирис, таа го разлева миризливиот врелец во алуминиумските таски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човештина ли има во тоа што Зоја, а бре, погледни ја, девојче е уште, мрсулот, гледаш ли, како и виси, а таа го носи пушкомитралезот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Забрзај!!! -истиот глас ја прекина мислата на Фимка и таа го спотерува коњот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам зошто, таа го имаше тоа право.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога таа го виде и го препозна, место не ја фаќаше од радост.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ѕвезда сигурно многу се израдува поради Килета, зашто како што подоцна разбравме, таа го сакаше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Најпосле бате Јоле разбра дека таа го вика да си поиграат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш таа го стави платното во бакамот и го држеше потопен сѐ додека жолтата боја не го фати платното.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
МАРИЈА: Со здравје попе. (Попот излегува. Таа го испраќа.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Често, така сам и очаен, ја молеше смртта да дојде по него, а таа го заобиколуваше, оставајќи го и натаму да биде единствениот бесмртен човек во бескрајната вселена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа го доведе и ние го сметавме како наш вистински дедо. Сите го чувавме дедо Ристо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука на Видое Виолета му судеше, таа го познавала од времето кога се судриле во моето село Крњево.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас ја ложев на грбот, берев една билка како зрнца диво грозје, таа го викаше жарнестец, ќе издупчеше сина хартија и ќе го ставеше, а јас ја преврзував.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За време на војната со Србите, а потоа со Бугарите, таа го чуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мене ми беше жал, отидов и го донесов, а таа го грабна цврсто оплакувајќи го: Несреќнику мој, кој ќе те догледа, ти нема да знаеш дека си имал мајка и ја заврти устата да не му дише.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ама она му ги слуша неизговорените зборови, ти се колнам, оти пред малку, додека таа го спомена името Дончо тој прекорно заврте со главата, а кога слушна дека не се во исто одделение само што не скокна од радост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа го задуши крикот и не појде кај Турците да им ја каже веста, туку веднаш се упати пешки кон градот, да го бара Марин Крусиќ, ако тој не е некаде со карванот по своите прелажни патишта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога за тој иљач дозна и Емин бег и ја викна кај себе, таа го замоли за возврат да му дозволи на син ѝ, ибн Тајко, да го напушти местото, зашто момчето изгледа не е со сите во последно време.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И таа негова смиреност, што не беше нималку слична на неговото однесување кога порано се гледаа во присуство на Атиџе, и таа го издаваше бегот: знаеше тој, знаеше зошто се тие тука, и бидејќи се беше обезбедил, покажуваше сега расположение што не му доликуваше на неговото убаво лице.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тивок беше и порано, дури молчалив - таа го беше видела таков и знаеше дека е тоа молчаливост на човек што сака да учи од другите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не дозволува никој да и го допре тој нејзин „свет”, а секој предмет има своја приказна или историја, со која е поврзан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А Љупчо, каде отиде?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Седевме двете на терасата под лозницата, таа го пиеше кафето и пушеше „сто цигари во минута”, а јас јадев лубеница и мислев што да сторам и како сето ова ќе заврши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме однесе до нејзиниот „свет”, така таа го нарекува сребрениот послужавник врз кој има наредено безброј мали и необични предмети што ги има донесено од разни страни на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)