Зашто го нагризува култот на романтичноста кон неволевото, го нагризува неговото промовирање на задолжителни романтични врски, му го нагризува идеализирањето на емоционалната неслободност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, и покрај нејзината дрскост, таа има егалитарен, инклузивен полнеж: таа укажува дека ниедна трагедија, ни твојата, не може и не треба да полага право на толкава вредност што да претполага неприкосновено право да се сфаќа исклучиво сериозно – односно, да се сфаќа направо стрејт – во свет каде што страдањето на некои луѓе по правило се обезвреднува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога таа врска ќе препукне под притисокот на врховниот напон, исходува отворање простор за непредвидлива возможност и за слобода во секој емоционален и општествен однос – каква што е еротската страст – за чија цврстина како врска и за чиј идентитет како страст дотогаш се сметало дека засекогаш го оттргнуваат од царството на изборното.
Во овој контекст, сцената на судирот мајка-ќерка вбризгува здрава доза стварност; внесува поостро сфаќање на политиката на романтичноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога Милдред Пирс ѝ вели на ќерка си „Губи се дур не сум те убила“, таа укажува дека, спротивно на она во што романтичноста би сакала да веруваме, љубовта не ни е судбина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Излез, всушност, има.
Вложеноста на машката геј-култура во сцената со судирот меѓу мајката и ќерката, со други зборови, и тоа како може да има врска со неблаготворните општествени и дискурзивни услови во кои геј-мажите се воздигнуваат до можноста за емоционално изразување, а најмногу за еротско изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)