таа (зам.) - треба (гл.)

Таа требаше да биде „објективизација на народните симболи“, а државната уметничка политика требаше да создаде „уредување за нејзина презентација“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа треба да ги исправи војничките глупости на Гетстапо и на СС кои направија вистински дар-мар, го организира она беспотребно злоставување на Евреите од градот под образложение дека се работи за претходна дисциплинска мерка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Макс Мертен се зачешла и откако го врати коскеното чешле во внатрешниот џеб од сакото, сосем задоволен од себе, полека се упати кон излезот за средбата со делегацијата уплашени Евреи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од почетокот на вооружената борба во Македонија, октомври 1941 година па сé до летото на 1943 година, македонското прашање не ја преокупирало британската дипломатија, од едноставна причина што во нејзините калкулации за повоеното уредување таа требало да остане во рамките на Кралството Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од почетокот на вооружената борба во Македонија, октомври 1941 година па сé до летото на 1943 година, македонското прашање не ја преокупирало британската дипломатија од едноставни причини што во нејзините калкулаии за повоеното уредување таа требало да остане во рамките на Кралството Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓу основните услови кои таа требаше да ги исполни беше нејзиното богатство да биде барем легално стекнато у минатото затоа што Трпе не сакаше да има работа со проклети пари и да го прогонуе лоша карма, а себеси се сметаше за суеверен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Работа. Таа треба со нокти да се држи. Без неа нема живот, нема поминок за мајсторите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Токму тогаш да намине таму и да ја најде својата невеста како руча со друг маж, кога таа требаше да биде дома во својата кујна, тоа беше доволно тој да се разбесни, а уште повеќе да влезе таму и да ја види како се држи за рака со друг маж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На невестата ѝ се обраќа со зборовите: „Рипни, море млада, да му рипе на домаќинот!“; таа треба да му ја бакне раката затоа што добила стара пара.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Врховна мудрост е сопствениот љубовен живот свесно да го живееш како мелодрама – сосема да сфатиш (иако не мора тоа да биде322 експлицитно) дека мелодрамата значи и деградиран жанр на книжевен дискурс и унедостоен прагматичен жанр на емоционално изразување: презрен, феминизиран, смешен, тривијален стил на изразување на сопствените чувства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Последнава забелешка, патем, нема за цел да им спушти на оние меѓу нас што одат по бањите, по сопчињата и по секс-клубовите; таа треба само да потсети за што тоа, всушност, служат тие машки геј-институции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е некакво чудо што пријателине во Бостон можеле да изградат траен содружнички живот, додека геј-бањите, сопчињата, секс-клубовите и страниците за мување на интернет цутат од трговијата со геј-романтичарите, кои си ги претпочитаат сопствените илузии, сопствените мечти за љубовта, а не некакви вистински луѓе – луѓе кои, на крајот на краиштата, не можат да им ги одржуваат тие илузии, барем не многу долго.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа не е да ни помагаат да си живееме среќно и весело до крајот на животот, туку да ни овозможуваат да насобереме што е можно повеќе антисоцијални возбуди во мигот и да ни дадат структурирано заедничко место во кое ќе им даваме полет, израз и издув на своите романтични мечти – без да си нанесуваме себеси и на партнерите никаква трајна емоционална штета.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа треба свето да ги чува правата на сите христијани, а не да ги жртвува правата на едните во полза на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа треба да ги сознае нејзините и нашите национални интереси и моќно да ги брани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа е: прво, Македонија да се неутрализира за Бугарија и Србија и да се оддалечи еднакво од двете држави, и второ, таа треба да се обедини врз јазична основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостојната” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со оглед на ова, женската философија би требало да направи нешто повеќе од вклучувањето на жената во рубриката човек; таа треба да го промени нашето разбирање на „човекот“ и „философското“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сега ѝ беше лут, оти тогаш таа требаше да му објасни, требаше да се обиде да го задржи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со секој чекор скалите ѝ изгледаа како планина, а нозете тешки како туч, иако околностите налагаа дека таа треба да лета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ранетиот слушаше, но сè помалку разбираше: мислеше на жена си, со тага сеќавајќи се дека околу Петровден таа требаше да роди.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но увидувам дека тука и таму таа требала да произведе исти ефекти.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Беше сигурно оти во метафизичката стратегија на Мајка еден од клучевите ќе ја открие историјата на бравата на нашето отворање на првата врата во животот во егзил, а додека спасувањето на татковите книги ќе ја продолжи семејната историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко сакаше да ја пишува Историјата на Балканот оти беше убеден дека таа треба во крајна линија да го смири балканскиот човек, да го помири со себеси и со другите, да се ослободи од саможртвениот синдром, од проклетството на делбите, границите. На Балканот имаше други Картагини и Палестини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со несудениот, полека си оделе и кога дошле до крстосница каде што таа требала да сврти десно за дома, а тој лево, му рекла: Со кој ум сте тргнале по мене, зар не ви е познато дека јас не одам никаде без мојот другар во џебот и го извадила пиштолот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа требаше да дојде во деветнаесет и триесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ честите разговори на таа тема дотогаш Ема правеше сè да ја задржи Илона во Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во краткиот разговор, Шефот на Ема ѝ даде конкретни и прецизни инструкции, според кои таа требаше да ја наведе Илона на нешто што беше сосема спротивно на дотогашното инсистирање на полицајката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Укината беше долната граница на неговата висина (чл. 19, ЗИДЗПИО/07), а во врска со неговата висина во случај на повреда надвор од работа или болест беше пропишано тоа да биде висината на инвалидска пензија настаната поради професионална неспособност за работа наместо претходната одредба според која таа треба да изнесува 50% од основата за пресметување (чл. 17). 98 Што се однесува до обврските на Фондот за пензиско и инвалид- ско осигурување во поглед на исплатата на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба, во 1995 година Фондот беше ослободен од обврската да обезбедува средства за исплата на надоместоци на платата поради работа со скратено работно време и поради помала плата на друго работно место, која е префрлена на товар на работодавците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако е така, рече мојот адвокат, таа треба да има некакви телесни докази на неа: гребнатинки, модрици, рани, за да се утврди дека навистина се работи за насилство...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако не ги затворам очите нема ни да се појави мојот Костадин, си мисли, брца со прачка во вжареното меше на ќумбето ја крева главата а тој веќе е онде каде што таа треба да легне.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа треба да усвои слична улога и во поглед на културниот живот воопшто и за книжевноста посебно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Леонид Викторович зборуваше за драмите, дека ако во првото дејствие има закачено на ѕидот пушка, тогаш во последното таа треба да изневери, да не испали.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уште од сред куќи кога се јави, се присети оти таа треба да биде, но кога дедот Ристе рече оти „си загубиле некое шилеже" начисто беше оти таа е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, ако се гледа духот на општата намера на оваа реченица, таа треба да се толкува во смисла Манастирот да ѝ се додели на Албанија. - Природно, - рече Италијанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Под претпоставка дека теоријата на кибернетиката може во себе да ги смести сите метафизички поими - сѐ до поимите на душата, животот, вредноста, изборот, сеќавањето - кои до неодамна се употребуваа во смисла на спротиставување на машината и човекот7 таа треба да го задржи, сѐ додека не се открие неговата историско-метафизичка припадност, поимот на писмо, трага, грама или графема.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа ситуација отсекогаш се навестуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле, без оглед на тоа дали постојат или не постојат суштински ограничувања, целото поле покриено од страна на кибернетичката програма ќе биде поле на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И затоа, доколку таа треба повторно да интервенира на Балканот, што би значело бездруго и САД да интервенира повторно, веројатно уште еднаш, нема да излезе на добро за никого, ниту за Албанците, ниту за Македонците.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако сакате да ми пишувате, наједноставно би било тоа да го правите преку е-мајл.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Доколку Французите имаат различни преокупации од другите за да се остане вистински чувствителен на вашето балканско искуство, јас се надевам дека вашите сограѓани, кои се директно засегнати, треба да се покажат многу повеќе рецертивни кон вашите книги, но и за вашите написи објавувани на албански, македонски и англиски јазик во мултетничкиот Форум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се сметало дека таа треба да остане во рамките на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Велика Британија доследно се придржувала кон оваа своја политика сè до март 1947 година, кога "одговорноста" за Грција ја презеле САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите оцени, таа требало да се одвива во правец на "одвојување" од Југославија, а да се "држи цврсто" во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Воопшто не се калкулирала некоја промена на состојбата, при што македонскиот народ би бил обединет или самостоен или би имал некаква самостојност во рамките на некоја нова федерација, било југословенска било балканска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А таа треба да живее вечно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа треба да му однесе облека да се преоблече зашто тој не може да излезе горе на рудината над езерото во работничката облека во која е облечен, целата замастена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа гледав дека тоа сè уште нема да се случи, барем не пред очите на Елентина, зошто таа требаше да верува во оваа илузија до крајот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)