Завет
Пред да ми се отвори
морето проговори:
завети си нешто
Јас реков: Поезијата, ме знае
Тоа: Не, таа трае
Јас: Љубовта, ме уби
Тоа: Не што не се губи
Јас: Среќата, ме нема
Тоа: Добро, ќе ја земам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа трае и царува, рие и поткопува, тлее и тишти сегде, а најмногу во стихот распнат како Христос врз крстот на зборот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)