Таа станува од местото, тупка со наланите по чистото светнато калдрмче, над кое држи ладовинка стара лозница.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Брза накај песочето. Тоа е тука, веднаш, на неколку чекори од куќата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа стануваше по малку и загрижена што не минуваше брзо и лесно оваа Таткова игра со книгите како и претходните...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сфаќајќи, на свој ужас, што се случува, таа станува и бега.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ондин на тоа почнува да ѝ удира шлаканици и да ја навредува.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како што се ближеше крајот на патувањето таа стануваше поагресивна низ постапките на Х.Х. и низ сите други видливи и невидливи соработници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но ако се повтори неколку пати, таа станува вкус.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Свртете ја славината уште малку и таа веќе никогаш нема да се врати во стабилен ритам; таа станува хаотична.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Како што сината светлина наидува, има еден миг во кој помислувам дека е најдобро да останам во белата светлина но таа станува толку блештава што имам чувство дека ако остана во неа, таа ќе ме слее во својата блештавост до исчезнување и затоа ѝ се предавам на сината чадлива светлина устремен кон она сјајно зрно во неа од кое таа се шири.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Единствено прифатливо извинување за постојаното глорифицирање на филмовите од англискиот период во однос на оние од американскиот е носталгијата, иако дури и таа станува досадна. •Дали сметате дека американскиот филм и денес е најзначајна кинематографија на светот? • Да, бидејќи го опфаќа целиот свет.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А баш тука филмот се става на хартија.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во тој разговор тогаш мајка ми му рече на татка дека со години, како млада снаа, од големата маса за ручек и за вечера на која јадело семејството, таа станувала гладна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Понесен од сопствениот занес, кога таа му се изгуби од погледот, продолжи да гледа во тој правец додека меѓувремено, во неговата умисла таа стануваше уште поубава и попримамлива одошто ја виде...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ја сака оти изговарајќи ги зборовите на Јулија, Беатрис, Корделија таа станува голема, колку и генијалниот Шекспир.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со ваквата промена се изврши јасно и недвосмислено прекршување на чл. 42 од Уставот на РМ (1991),14 како и на чл. 3 од Конвенцијата бр. 138 на МОТ,15 која Република Македонија ја има потпишано и ратификувано, со што таа станува составен дел од нашиот позитивно - правен поредок и не може да се дерогира со национален закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Зашто болката не престанува кога ѝ се смеат – ако ништо друго, таа станува уште поостра и попрецизна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ЛЕНА: Истрагата покажа дека тоа било несреќен случај, невнимателно минување преку пругата. (Таа станува, ги зема шољите и се упатува кон самоварот.)
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Со време нејзината соработка добива сѐ поактивни форми, таа станува агент на тајната служба под име „Јагуар“ и се стекнува со статус на офицер.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кога Татко, пред празник, ќе донесеше пиле, таа стануваше рано, убаво ќе го измесеше тестото, па потем го делеше на топчиња кои ги извиваше во една или во повеќе тенки кори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)