А ги немаше и оние купишта грнчарски садови над кои се мешаа сите јазици на светот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Фаталната вечер, кога таа слезе кај нив на долниот кат, можеби Хелвиг така изреагира од страв да не ги повреди родителите преку нејзините зборови, преку неа, од него избраната за член на семејството...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Автобусот само подзапре и таа слезе губејќи се во високите думани усвитена прав што се кренаа повторно зад него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На една мала железничка станица, на која не запираа брзите возови, само таа слезе од речиси празниот воз и веднаш се упати по патеката покрај пругата, без да влегува во станичната зградичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Едно утро, по долгата ноќна болка во слабините, таа слезе долу за да ѝ помогне на Кети да го подготват појадокот, и тогаш постарата жена, по долго гледање, ѝ рече: „Рози, врати се горе и легни си.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во Скопје таа слезе и разговараше со другар му на перонот дури возот не тргна, а Марко ги гледаше од прозорец.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Малку време по пет часот утрото таа слезе долу во кујната и стави кафе да се вари.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)