Поконкретно, таа сведочи за неминовниот расчекор помеѓу она што се чувствува и она што во кој било конкретен контекст може да се искаже.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа ја одразува самата структура на општествениот живот на чувствувањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обично е потребен одреден волев напор за да се усогласи изразот на некое чувство со природата на самото чувство – како што покажува мелодрамата на секојдневниот семеен живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, иронијата дава делотворно и спремно оружје против неизбежната општествена форма чие идеолошко дејствување изискува, за да може да претегне, и некритичко верување во неа и насилна потврда на нејзината автентичност.
Со мака извојуваната иронична визија на машката геј-култура за лажноста и за изведбениот карактер на семејните чувства бележи и нешто поопшто и подлабоко за емоционалниот израз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)