таа (зам.) - сака (гл.)

„А жената?“, прашува тој. „И таа сака овде“, велам јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Спомен што таа сакаше да им го остави на своите внуци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Обид да им ја пренесам пораката на сите нејзини и мои, наши пријатели за кои се наменети овие редови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Гладна ли е жена кога се наоѓа покрај таков 'рслан што ја голта со очите, а таа сака што побргу да ја проголта и да не се освести веќе сама без него?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа сака вести, живот и идеологија. Надворешен и внатрешен непријател.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа сакаше тој да умре со неа (зар не е подобро без неа?) и затоа носеше револвер кога го среќаваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа сакаше да остане крај Крстана, макар да се мачи како роб, сосема да пресвисне, само да не ѝ дојде тој срам - дека мажот ја оставил затоа што остарела пред време.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не, таа сакаше да го пречека дома, како вистинска домаќинка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И таа сака да го нахрани со тоа за појадок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа сакаше тој да ги изеде, таа сакаше неговиот метаболизам да го преработи неверството во неговиот систем, така што неговото тело ќе може да го апсорбира тоа неверство и да живее со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но болката можеше да ѝ понуди перниче термофор со топла вода или перниче за затоплување, како во минатото, за да ја смири, но, иако ги имаше и едното и другого, таа сакаше да ги употреби, не сакаше да го открие тој стар непријател зашто не сакаше да се открие себе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Виде дека таа сака тој да ѝ се радува на телото и пак го врати погледот на нејзиното торзо. Ѝ ги пушти рацете под мишките и потем повлекувајќи ги нагоре ѝ ги соголе рамената, по што тргна во милување на кое наскоро ќе му се придружат неговите усни и целиот тој, исто така гол, преплетен со неа и во неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа, публиката не е под маска; но таа гледа дека оној кој говори срамно, оној кој го говори она што таа сака да го чуе – е маскиран, заштитен, недостапен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа сака задоволни и благодарни луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Заборавила што сум ѝ сторил и што таа сакала да ми стори. Умеам и да ѝ се измолзам меѓу прстите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Попрво, таа сака да согледаме (и тука таа јасно упатува на философите од англо-американската аналитичка традиција) дека постои традиција во философијата која е погостопримлива за феминист(к)ите, и таа сака да ги користиме креативно за нашите сопствени цели оние аспекти на херменевтичкиот, феноменолошкиот и деконструктивистичкиот приод коишто ги сметаме за okno.mk | Margina #1 [1994] 41 корисни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Му доаѓаше во тишина, без збор, ако спиеше ќе го протресеше за да го разбуди и ќе го употребеше како што би употребила кое било средство за мастурбација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ручаа заедно, одеа на одмор заедно, посетуваа пријатели заедно, но ноќе, таа му доаѓаше тогаш кога таа сакаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се сети како се штрекна од неочекуваноста на лесниот допир со кој тој ја погали раката на мајка му кога таа сакаше да го земе празниот филџан од пред него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тебе куќа со нов оџак, мене - жена, домаќинка. А жените ти рекоа, нели? Таа сака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пиел и се подмладувал. - На помош господ ми е, оче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ама кој ти кажа тебе, свети оче, дека таа сака да се омажи за мене? радосно се исклештил Доце Срменков. - Можеби таа бара помлад, посилен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На носот му пукале темноцрвени жиличиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Значи, еднаш стојам во кино со своето чувствително срце и ја очекувам мојата дама.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А таа, бидејќи е службеничка и работата не ѝ е премногу битна - таа сака да си доцни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој ѝ го осветлуваше патот, а таа сакаше светлина; ја грееше, а таа сакаше топлина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не дека детето се пожали некогаш, нему му беше битно да го наполни стомачето и ништо друго, а таа сакаше работите да тргнат на подобро и да се вратат во она друго време, кога можеа да избираат меѓу два вида паштетка или крем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па пијано, час чука, час престанува, а насмевката како вкочанет израз, како поза искрена или зашто така треба, па како малечка што ги вежба ликовите пред огледало за приемен испит на факултет за драма, и таа сакаше да остави впечаток кој трае.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А таа сака да живее. Зошто да е несреќна? И таа има право на среќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пристаништето вриеше од војници со кафеави ковчези.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И призна мислејќи дека таа сака тоа да го чуе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Затоа татко ми, кога мајка ми пред смртта непрекинато велела „ковчето во ковчежето“, мислел дека таа сака да ѝ ги стават заедно со неа во сандакот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа сакаше да побрзаат назад по патот по кој беа дошле и да почнат да ги бараат другите во спротивната насока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ваквата постапка, и во она што потоа го слушна од Ема, госпоѓа Мариела прочита дека полицајката веќе е совладана и дека секое инсистирање натаму на предметот што таа сакаше да го исфрли на површина со ненаметлива провокација, да го каже тоа со сета негова суштина без да каже било што конкретно, немаше никакво значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Краткиот сјај во окото на Тодора му кажа на попот Никола повеќе одошто таа сакаше да се знае.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А рибата? Рибата апнува кога таа сака!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Не, таа сака да се придржува на дадениот збор, дека ќе се вратам кога е договорено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас пак ќе одам да ја посетам... ќе зборувам и со неа... ако таа сака, и ако може...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Уште додека јадеа, Елена по изразот на лицето на Марија почувствува дека таа сака нешто да праша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка речиси никогаш не била во средиштето на нарушената тишина во семејството, секогаш беше некако скраја, да нè подзадржи на работ од животот, да нè понесе, а сега таа сакаше да замине сама преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ближеше часот на разделбата. Таа сакаше да останам што подолго, наслутувајќи дека ова ќе ни биде последната средба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Сакам сѐ – вели Лидија – сѐ, сѐ зелено, сино, бело, жолто... – и веќе таа сака да плаче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И таа сакаше што поскоро а ги зарадува, но тоа не зависеше од неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа сака да лиже сладолед од ванила додека вози ролерки околу фонтана во квечерина пред да појде на работа Од каде ли доаѓаш? Безимена и многуимена, еластична и практична, тесна и широка – прилагодлива.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Идн истакнал дека тој не верува оти на "државите под режим на примирје би можело да им се дозволи да склучуваат мировни договори без дозвола на сојузниците", посебно што Бугарија не била "слободна да прави што таа сака".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Излагањето на Идн го поддржал и американскиот министер за надворешни работи, Стетиниус, кој сметал дека е пожелно да им се сугерира на Бугарија и Југославија да причекаат во нивните преговори до одржувањето на Мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако според нив Советската влада "зазела став дека не е заинтересирана за тоа дали Турција ќе влезе во војна или не", Советите "веројатно никогаш не го сакале Англо-турскиот сојуз", а сегашниот застој во британските односи со Турција "многу добро им одговара".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Наместо тоа, сметале дека е потребно да се прифати "таа да остане неутрална за време на војната, сè додека таа сака, доколку на тој начин, по повлекувањето на Германците од Балканот, таа би била во подобра ситуација, во соработка со Грција, да биде ефективна противтежа на руското влијание и навлегување".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Видливо беше дека таа сакаше да ја ублажи горчината врз која падна молк и по некоја пцовка заедно со нечиста плунка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури сега ништо не разбирам: јас ја бранам, а таа сака да ме удри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, тоа е – тоа: таа вели – штом сакаш, што не мора да значи дека и таа сака исто колку и јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)