Елен Лејбовиц не ја издвојуваат само околностите во кои вие двајца се среќавате (без формално да се сретнете) и комуницирате (без да си кажете дури и еден единствен збор), туку ја издвојуваат интенцијата со која таа решава да Ти пристапи и доследноста со која ја спроведува својата чиста намера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, откако нејзините претпоставени одбиваат, па 219 дури во нејзиното „работничко досие“ забележуваат дека нејзе наводно и престанал работниот однос не доброволно, туку поради недоаѓање на работа три работни дена последователно (!?) – таа решава да се консултира со адвокат (А.Шоптрајанов) и да поднесе индивидуална тужба против аптеката во која порано работеше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
7 По ова, таа предлага порамнување со дотогашниот работодавач, односно „расчистување на сметките“ и вонсудска доброволна исплата на долгуваното по сите основи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во тие мигови, додека интензивно ги следи информативните емисии, ги чита весниците и на сите можни начини настојува да ја разбере ситуацијата во Твојата земја, госпоѓа Лејбовиц постапува токму онака како што би постапувала Твојата мајка: по факс Ти го испраќа планот на град Скопје (каде ли го нашла, добрата душа!), молејќи Те да го одбележиш местото на кое живее Твоето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)