Но, откако Круме Волнаровски денеска беше притворен, повторно ме зајаде црвот за улогата на Ема. Со кого таа работи? За кого?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Изгледа дека таа работеше токму каде што се печатеа тие книги.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Авторот пак се најде во улицата во која што се наоѓаше зградата во која што таа работеше, пред самиот крај на работното време.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Илче Мушаланов од Битола (сега 28-годишен), во моментов, е вработен на работно место чувар преку Агенција за обезбедување имоти и лица2 – различна од споменатиот тужен субјект за кој ќе стане збор подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Имено, пред да настане спорот – после вонредните парламентарни избори во 2008-та, Зефиќ две години (значи од 2006) беше директор на оваа државна установа за извршување санкции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред започнување на спорот со првичната Агенција за обезбедување и истрага тој околу седум месеци, од февруари 2007 година, работеше како работник за обезбедување – сѐ до критичниот момент на настанување на проблемот, во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А порано, пред доаѓањето на директорската позиција, таа работеше на работни места и позиции соодветни на нејзиното образование: како референт, технички секретар и архивар (кога имаше средно гимназиско образование), потоа стручен соработник (кога веќе имаше звање дипломиран правник) и, на крај, раководител на Секторот за извршно-управно и финансово работење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Денес таа работи на позиција дактилограф- администратор во Одделението за водовод, кое според систематизацијата на работните места носеше вкупно 802 бода (вредноста на бодот е утврдена на 12,5 денари).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нејзиното работно место беше комерцијалист и, пред да настане конкретниот спор опишан подолу, имаше 14 години работен стаж во истата фирма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во ова прилично големо претпријатие работеа околу 250 вработени, а самата структура во фирмата беше поставена строго хиерархиски – однапред се знаеше „кој e кој“, а одлучувачкиот фактор беше директорот, којшто истовремено беше и газда на компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако компанијата беше мала, таа работеше доста успешно во поглед на изнаоѓање работа и клиенти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работничката Деница Кирова од Велес (сега 57-годишна) е вработена во општинското Јавно комунално претпријатие „Дервен“ веќе 27 години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак, барем во одделот каде што таа работеше, постоеше солидарност и добра соработка меѓу колегите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)