Ѝ ги гледаме срамните нешта Млекото, месото, дождовите Изораната почва што нè топли Одвнатре. Ѝ цртаме иднина На белата површина И таа проодува Модифицирајќи се Во топло меко тело Учејќи нè Да станеме фетус Сега е време Да бидеме родени, Да го чуеме плачот нејзин Пред да нè види.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)