Иако не ѝ е првпат ноќе да стои на стража, овој пат, дали поради немирот што ја опфати кога комесарот сите ги истера од топлата земјанка или поради тишината што настана со наглото престанување на вејавицата, таа почувствува некакво нејасно студенило и трпнеж.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Преку лубеничето, што го држеше во рацете и вените што го хранеа таа почувствува како да имаше контакт или врска со мистеријата која беше зад сите ”раѓања” и нештата што растат во овие бавчи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Без да ги мрази Милан и Кети и куќата, таа почувствува одбојност кон сите нив.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нејзиниот живот доби нова смисла и таа почувствува дека е одново среќна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Разбудена од бакнежот, просветлена од необјаснивата убавина што може да ја предизвика простата физиологија, тогаш, во далечната летна вечер, таа почувствува носталгија за тој чудесен свет што никогаш пред тоа не го доживеала.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)