таа (зам.) - плаче (гл.)

Таа плаче, ја отвора чантичката од змиска кожа, вади шамиче и се брише.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа плачеше толку многу, си ја проплака целата младост, целата среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Настапија тешки часови. По цели дни таа плачеше, а пак јас како некој инквизитор полуден од љубомора - ја мачев, ја навредував и страдав заедно со неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпрвин, таа се обидела да ме брани; тој уште пожестоко ја нападнал, и тоа на партискиот состанок пред сите таму; таа плачела, а тие, другарите од партијата ја прашале дали можеби плаче затоа што чувствува некаква блискост кон мене. Таа рекла дека не чувствува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа плачеше, ме бришеше со шамичето, а тој ме држеше за косата, и додека крвта од носот ми се слеваше во устата и грлото, ме одвлечка кон сликата на партискиот водач, ме исправи пред неа и рече: „Читај.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа плачеше зад нискиот ар, што беше зад куќарката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
(Ја крева од подот Кристина. Таа плаче. Гледа упорно во огледалото. Не ја врти главата.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Проклет да бидам, таа плаче. Се колнам, видов, видов!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А ако некое малку ѝ се спротивстави, ја навреди, таа плаче, ги вика на помош мајка си, татка си, баба си...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Заљубена, трогната од неговата жртва, таа плаче.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Плачам,и таа плаче... избегав на една висока карпа, сакав да летнам во вечноста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таа плачеше и кажуваше сѐ што знаеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)