На пример, рускиот поет Мајаковски тврдеше дека „религијата се трансформира во револуција која започнува со негација на Бога”, но за поетот таа останува возвишена љубов.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не сети како ја поткопа водоводната цевка. Таа останува назад.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се распраша за неа и дозна дека е жена на офицер, покрстена Еврејка од Војводина, дека маж ѝ последнава година служи во погранична единица, дека ја посетува на неколку денови во месецот, додека останатото време таа останува сама во куќата. Шабтај се врати скршен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во оваа книга се содржани сите метафори на балканската сага. Таа останува трајно отворена книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се точи со пиво од бочва, ама така што со дрвце колку прсте се собира пената, сè додека на врвот од топот не остане густа пена колку еден прст и таа останува таква додека не го допиеш пивото до дното. Тое е топ.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Погледот ѝ луташе некаде далеку, далеку зад ѕидот во кој гледаше, дури и кога ќе ѝ ја допрев раката и ќе ја прашав „Ме слушаш ли, Клара?,“ таа остануваше отсутна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И само кога ќе ѝ ја споменев Сара, се насмевнуваше со насмевка каква што имаат оние кои се помириле со пустошот во кој се претворил нивниот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така го одржуваше животот на семејството, но во овие гладни времиња таа остануваше најистоштена.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Успевајќи да ја постигне целосната лаицизација во семејството, која хронично недостигаше во балканските кревки институции на владеењето, на верувањето, таа остануваше немоќна да го разбере постоењето на границите помеѓу луѓето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)