таа (зам.) - остава (гл.)

Таа остава траги во бескрајот, можеби не раѓа цвет, но има длабоки корени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„И таа остава простор за дополнување, можеби со дел од нас, со дел од нашите приказни, па макар биле тие и незавршени,“ госпоѓа Мариела се обиде да ја продолжи мислата на Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Или, кога ќе предизвикаат, конвенционалните присутни се збунуваат, бидејќи нивните општествени и дискурзивни очекувања – далеко од исполнети – се превртиле наопаку. ‌Всушност, тоа што дрег-кралиците ги прекршиле прагматичките конвенции на дискурзивното однесување што раководат со човечката интеракција во секојдневното општествено живеење толку ја збунило антропологинката лезбејка и толку ја потресло што таа остава простор (во цитираниот пасус) за можноста дека има грешка во нејзината забелешка – можност дека едноставно сѐ разбрала сосема погрешно и дека, можеби, како моине пријатели парижани во Ен Арбор, е жртва на некакво основно културно недоразбирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)