Кога ќе ја пуштиш, таа одлетува и веројатно изгубениот прав го обновува, но лизгавиот прав што ти останува на прстите те прави да се чувствуваш како без вина виновен и во недоумение.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дедото Петко за местото се пазарел со Буровица, го платил со единаесет жолтици и кога таа еден пазарен ден тргнала за Воден да му го препише местото, на Белојаса, на свиокот од патот, на најлошото место, коњот се сопнал и таа одлетала во реката. Од таму ја донеле на леса, ама мртва.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)