таа (зам.) - молчи (гл.)

Бојана стоеше пред него како мермерна статуа. Таа молчеше - требаше да молчи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа молчејќи, подбегнуваше да стаса што побргу дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И таа молчи и се така ме гледа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„И сакам да ми објасниш што се случува“. Таа молчеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа молчеше. Потоа се наведна. Не заради жолтиот цвет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Молчи... и таа молчи... молкот се кажува.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но таа молчеше. Молчев и јас. Најпосле ја спуштив слушалката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И попладнето зина како огромна празнина на пештера а таму негде во недоодната далечина стоеше Катерина со насмевка што предизвикува чудна болка бидејќи ми одземаше дел од некоја посакувана вредност за чие значење дури и не бев доволно свесен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доктор Гете испиша со показалецот едно „не“ во воздухот, а потоа со глас го повтори тоа „не“ неколку пати, и продолжи: „До неодамна таа беше сама во соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овде сите врескаат. А таа молчи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекам. И таа молчи и сѐ така ме гледа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си доаѓа Билјана од училиште, јас ја гледам и очекувам да го чујам она нејзино: „Денес за малку ќе добиев петка, ама...“ но таа молчи. Да, да, молчи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)