Таа знаеше дека е оставена засекогаш, знаеше дека залудно го моли.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Нѐ освести зората, нестрплива и гласна (сигурно и таа изгубила нерви) те фати под рака и одлучно те поведе оставајќи ми ги истутканите дипли на улицата, тешки, наводенети од вчерашното водопролитие. Таа знаеше што прави со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Таа знаеше дека тој се наоѓа пред најзначајната одлука во животот, по онаа ноќ кога реши, сите заедно, да ја минеме границата на Езерото и, засекогаш, да станеме емигранти на животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Ами сега?... Таа знаеше дека пашата ќе побрза по неа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во тоа двоумење како да ѝ пристапи, му пречеше тоа што виде дека таа знае да биде не само независна туку и горделива, не само остра туку и груба, па да го одбие уште при првиот обид за приближување или додворување, како со сечило што скока прво со блесок, а веднаш потоа со удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Поправо, таа знае дека тој е само една зона на удомување и надзор за цела една генерација, таа, значи, тука нема што да селекционира - својата елита ќе ја пронајде на друго место или на друг начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од каде таа знае дека било страшно, и колку лесно ги изговара сите тие зборови: комунизам, транзиција, посткомунизам...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од некои причнни заклучи дека таа знаела за тоа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како мајка која си ги сака сите свои деца, а сепак, од причина за која само таа знае, со посебна нежност кон едно од нив, таа секогаш го издвојуваше тоа прво лубениче за да му подари поголемо количество приврзаност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа знаеше што барал под креветот но не сакаше пак да го потсетува на случката и да го срами.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ах, ова не е на добро, си рече Севда уште во сонот зашто, ако на сон, таа знае дека да видиш чист оган на убаво е, нешто добро ќе чуеш или нешто неочекувано ќе ти се случи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Од помислата на бојата на дивјачките во образите почувствува блага гореа, а знае дека образите ѝ се заруменуваат, па се засрами од тоа, а гореата во образите ѝ се зголемува; таа знае дека е уште поцрвена во образите.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
-Свилена буба, гледаш? Само таа знае знае да си го сплете својот свилен кожурец околу себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со љубовта не смееме да се поигруваме, затоа што таа тоа не ни го дозволува: таа знае и да се одмаздува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Меланхолијата е окружена со многу орудија и столарски и каменорезачки прибори, но сѐ е оставено во мирување – таа знае дека ништо нема да заврши, знае дека сѐ е попусто, попусто е дури и да ги направи сите нешта на овој свет - во сѐ е влезена бесмислата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа градба зад Меланхолијата е всушност нејзиниот живот, животот кој, како и да се живее, како и да се гради, ќе остане недограден, како попусто проживеан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајката не може да го види неспокојот на детето, а можеби сепак го претчувствува, можеби и таа знае што ќе биде, но знае дека мора да биде така, знае дека така треба да биде, и спокојна е во својата помирливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајката не може да го види неспокојот на детето, а можеби сепак го претчувствува, можеби и таа знае што ќе биде, но знае дека мора да биде така, знае дека така треба да биде, и спокојна е во својата помирливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ана вели дека флејтата треба да и припадне нејзе затоа што само таа знае да свири.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На работа секако, за тоа е строго.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А овде, таа знае - за две доцнења нема да ја истераат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Знаеше дека во оваа шума југовината беше стасала само колку да ја смекне површината на горниот слој од тој снег, а после дошла северната ведрина и таа знаела многу добро што да стори со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа знае дека учителот сака Арсо да го извлече од оваа запустеност овдешна, се радува, но повеќе ѝ е жал и мака.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Ете, таа знае, знае, таа ги виде!“, покажуваше Бонапарта кон мене кога ме здогледа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Не знам што да направам за да ти помогнам, му велам јас на Мирчета, да појдеме кај Маса Ќулумоска, му велам, може таа знае некој маривет. Нека ти закуша, го наговорувам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Марија се преплаши и само таа знаеше зошто.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога Марија ја одби, болничарката ја смени методологијата. Ѝ оставаше љубовни пораки под перницата, во џебовите од наметката, на сите најневозможни места.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој веќе го гледа нејзиниот портрет како зрачи мека светлина во полутемнината на неговото ателје.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа знае дека ќе го има.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Побарај ја сипаничавата Алтана. Таа знае како се пометнува.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таа знаела. Цел живот се подготвувала за својата кариера.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Но, таа знае да биде толку многу одвратна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Таа знае да ме опседнува. Намерно да ме прави љубоморна, станувајќи понекогаш туѓа муза.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ене ти ја власта, оди кај власта, таа знае! - Оди, оди!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но, таа знаеше како да си ја фати прекрасната костенлива коса и да ѝ даде убава форма, имаше префинет вкус како да се облече, како да комбинира бои, дезени и штофови и да изгледа беспрекорно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За Мајка историјата, за разлика од Татко, не се сведуваше на херојски или драматични настини, кои произлегуваат од војната и мирот, туку од малечките, речиси невидливи нешта околу семејството кои ја чинеа среќна, силна, кога ги спасуваше животите на своите чеда.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа знаеше кога треба да вика во знак на поддршка и кога да вика „ уа“ и тоа беше сѐ што ѝ беше потребно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа знаеше дека тој мирис ме опијанува (често велеше, ми шепотеше: „нема ливада, нема градина, нема планина што ќе те замае како, како, како…“ и со таква увереност со прстите од двете раце се шеташе низ мојата коса, ми ја расчепкуваше и ми ја мазнеше, а потоа ги спушташе дланките под раскопчаната кошула, фаќајќи ме за раменици и притискајќи ме во себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема имаше висок степен на самосвест, таа знаеше дека беше почитувана од колегите и од надворешните соработници (дури и од оние кои постојано работеа против неа) затоа што покажа, низ сите изминати години, дека е жена со силен дух, тврда и непопустлива.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната љубов, нивниот заеднички живот...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Само јадење не барај ми! оти таа знае дека не е на арно кога некој ти бара јадење.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Петра не е многу изненадена од неговата појава, таа знае дека никогаш нема да ѝ излезе од мислата, го прекорува Проклет да си бре дедо, врколак стар, се залости во вагонот само за сами да си заминеме и колку што сум тешка уште потежок товар ми стави на плеќи!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
ПАВЛОВНА: Па откаде таа знае?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А пак и таа знаеше да се носи ѓаволски! Само пред себе гледаше, никого без потреба не погледнуваше, ни муабет без потреба правеше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Та таа знае сигурно дека во Мариово никој не продава никакво алиште освен оние што ги даваат на црквите и манастирите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа ја сретнав ВЕРА се заљубив веднаш во неа но знаев и да ја изневерам а таа знаеше да прости
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Не знаев дека таа знае за Мајка Тереза, за нејзините блиски.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа знаеше, беше длабоко убедена во тоа, дека Татко се внесуваше во некаква виша стратегиска цел од интерес за семејството во тие пресвртни времиња.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Е, да би да ја сочува
магијата
за себе, за мене...
Таа знаеше што јас не знаев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Милата баба, таа знаела сè за него и за Јана, а порано никогаш ништо не го прашала, ништо не му кажала.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Мириса запуштено, одбивно и скиселено од нешто како остаток на задушен ветер и крајни мисли на малецки цицачи додека си ги одгризнуваат стапалата и крварат до смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Малку подоцна Сани стои сред парче сонце покрај една поставка која се состои од застаклен синкав базен во кој би требало да има пингвин или фока, но сега е празен. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 167
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако некој ја праша, а таа знае дека никој нема да ја праша, спремна е да каже, Се вика Врба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оваа пештера всушност е најмногу полна, со изобличени светлосни потоци како хиероглифи, променлив јазик изгубен во променливите бранови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сани сака да гледа во она што всушност не постои, во заробената вода шибана од сонцето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеш да се симнеш по скалите и да погледнеш низ стаклото, но таму ништо не плива. Таа знае. Два пати се има симнувано.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А таа знае да ве поучи, да ве развесели.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ама, таа знае да биде понекогаш многу незгодна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога е дома, може да биде многу забавно, но понекогаш таа знае толку многу да ме разбесни што ми иде да ја здробам и да ја изгазам со нозе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Да не беше таа песничка, со сестра ми сигурно ќе имав неволји, оти таа знае и „на глава да ми се качи“ особено кога сме сами.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таа знае како е да си без родители.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таа знаеше дека тој ја следи, веруваше авторот, но претпочиташе да ја задржи слободата да му даде замав на говорот на своето тело.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се обѕрнува и молежливо ја гледа, а таа знае што треба да прави ама уште не може да стане да тргне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сепак, искрено се радуваше. А, на мојата радост ѝ немаше крај. Ама кратко.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со половина уста прашав: - А, за што би разговарале? – иако од прв пат можев да погодам: само ден пред тоа се појави нејзиниот расказ „Прстен” во весникот, и таа од мојата реакција можела да погоди дека сум го прочитала, па сака да се објасниме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таа знае да биде и таква, дволична, како што некогаш вели тетка ми Ана за неа, полушеговито. Затоа многу детаљно ја посматрав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Прекрасно! – извика таа. – Чудесно!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу често сум се прашувала дали можеби и таа знае да лета на килим,и каде оди, и со кого? Ѝ го прочитав писмото.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сега „ја имам”, си мислам, но и нешто друго ми пролетува низ главата: од каде таа знае во кој момент како сакам да се однесува?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сега би било најдобро да ѝ речам дека сум зафатена, да ме остави на мира, како што таа знае да ми каже кога ме „откачува”, ама не дека немав срце тоа да го сторам, туку единствено затоа што бев љубопитна што ќе ми каже, прифатив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)