„Ја гледам, седи на она столче до масата“, ми вели Трајчеица, „седи сета разотворена пред очите на оној мој сомун, а знаеш какви очи тој има, да извиниш; а таа зборува, зборува и не мисли да запре.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа зборуваше како срцето да ѝ трепери.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А таа зборувала на османскотурски јазик кој уште се говорел меѓу неколкуте останати Турци од некогашна балканска Румелија, односно на јазикот кој ги содржел арапските и персиските зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нив, изгледа, значеше Партијата и пред сѐ Внатрешната партија, за која таа зборуваше со отворена, потсмешлива омраза што го обеспокојуваше Винстон, иако знаеше дека тука се безбедни, ако воопшто некаде можеа да бидат безбедни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но присутните, додека таа зборуваше мојата замолчаност веројатно поинаку ја толкувале.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ноемврискиот ветер ја протресе куќата и додека таа зборуваше снегот повторно заврна од студеното, челично небо.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Таа зборуваше брзо. Нервозно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
По кратко време однадвор од бавчите го слушна мрморливиот глас на мајка си и од тонот на гласот знаеше дека таа зборува со Рози, а не со Милан.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)