таа (зам.) - започне (гл.)

Трчаше како да лебди, како да не гази на земјата, како крилја да има, како ветерот да го носи: ги прескокнуваше ендеците, меѓите, младото жито како да не го газеше, а само го допираше со стапалата, трчаше низ нивјето и ливадите одбирајќи го најкусиот пат, и кога стаса до неа, немаше здив и сила - и се испружи крај неа: легна на плеќи збивтајќи и дишејќи лакомо; и таа започна да дише забрзано исплашена од неговото ненадејно истрчување од пченките.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По извесно време Илко ја напушти откако таа започна да му зборува дека тој е виновен за смртта на птиците и дека ќе го отруе за тоа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Поради тоа, таа започнала да се преправа дека престанала да го сака, дека не може да живее со него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Веднаш потоа таа започнала тајни вонбрачни врски со повеќе мажи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Откако ја стави сликата на Аниса во албумот, таа започна да му доаѓа во сонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но по извесно време ја увиде грешката: таа започна така бру да се развива, да се шири, да пушта корења на сите страни, да им го одзема просторот на другите цвеќиња во градината, да ги ништи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Решив на Мариела да ѝ дадам посебна задача, а тоа беше времето кога нејзината преокупација со Москополе избледна и таа започна да работи на својата докторска дисертација на сосема друга тема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)