А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- А јас - настојуваше Крстовица - вака би му кажала во книгата на стопанот: - „Стопану Крсто, здравје, имам, сполај богу и...“ - и таа залипа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И се чини дека тој лежи пред неа, тука, до нејзините колена.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Жените се загледуваат во него, а тој стои молчалив, со стегнато грло, нем.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)