Секогаш кога сакав со брат ми да тргнам кон библиотеката, каде што тој минуваше часови, мојата мајка велеше дека сум им потребна нејзе и на татко во продавницата, и јас тргнував со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја нема добиено и телеграмата. Или и таа завршила во рацете на мајка му.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Крле гледа дека таа ја води водата на нејзината, ама и на неговата водеиица, та да не обиколува леводесно, таман таа заврши, тој ја бапна пред обете: — Е, море, шо ќе барам јас наки-ваки сиромашки ај дај ми а ти! — и се испули во Неда, се понасмевна и го запре здивот да го чуе одговорот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А она попладне, кога таа заврши со обвинувањата, но и натаму прекорно продолжи да ме гледа, јас ги стуткав цртежите, ги ставив во печката и го запалив огнот. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)