Така на крајот отиде до шалтерот за продажба на билети и го праша службеникот, „Кога би оделе каде би оделе?“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овој спомена едно гратче во Охајо каде таа живее до ден денес.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Јошида ми рече дека има нешто што авторот пропуштил да го истакне, т.е. дека во Јапонија во овој момент живее еден многу ценет стрелец кој досега сѐ уште не успеал да го погоди средиштето на метата во среде бел ден.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Топлиот воздух од Катините гради и чувството дека таа живее кај бегот му го разбуричка и умот и стомакот и тој уште сред црква поврати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Човек имаше чувство дека таа живее без храна или вода, па дури и без воздух, дека во себе ги содржи сите органски, хранливи и атмосферски елементи потребни за нејзиниот опстанок, за нејзиното милениумско постоење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Значи, таа живее во кулата“, рече Кети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа живееше врзана во стреата, каде што ја беше преместил од поодамна дедо Димо, откако Стрела беше свикната на неа и веќе не ја напаѓаше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ти знаеш колку јас ја сакам твојата мајка и знаеш, колку ми е драго што таа живее кај нас, а не во некаква удобна собичка со часовник што звучно ги отчукува секундите и со такво некое ловџиско куче, макар два реона подалеку одовде, но, - извини што ќе се искажам, малечка, нејзината последна творба во вчерашниот весник е вистинска катастрофа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Не може да сфати во кој свет таа живее. „Скоро ќе има војна”, изговара на крајот Хана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- ја прашав, зашто таа живее во истата куќа и секој ден е со него.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Измислуваа и други нешта, но никој не беше ѝ го видел лицето одблиску, таа живееше како лилјак, како ноќна птица.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но убава е бубачкава што ја држам в рака и знам дека е мртва, дека нејзината градба ја надминува секоја друга и поседува незауздана радост, а таа радост е радост на каменот, и таа живее во гробот како лав.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)