Дека влегов во неверојатна метафора, користејќи животни, бидејќи таа дојде со територијата што ја наследив од она што се случи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дотука таа дојде со тајна проткаена со лага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Како така“, загрмеа протестни гласови, „сите видовме дека таа дојде последна!?“
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Кога таа дојде, веќе се честеа петките на Мирко.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Се дозна дека меѓународна комисија треба да дојде за да ја разграничи спорната зона. И еве најпосле, таа дојде.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога собата стана онаква каква што беше порано, со сите нешта повторно ставени на своите места, таа дојде до креветот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Особено затоа што веќе се знаеја неколку години, речиси од првиот ден кога таа дојде во Македонија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа дојде така ненадејно. Токму во часот кога наполно беше заборавил на неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А ете таа дојде тука, да живее во Германија...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И веќе не знаел и не можел да види дали таа дошла до прозорецот, дали ѝ се распуштени косите како густ злотопад над соголените раменици, дали ги кршела прстите преплашено.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Фиданке, дојдов. Штама, во селото како да немало пци. И пак извик. Погласен. (А ти, Арсо, начека село без кучиња!)
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа дошла со студенти најверојатно оти стои Ми се чини дојдоа за некакви предавања, ми рекла дека пак ќе се видиме оти стално ќе доаѓале на предавања во гимназијата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ѝ пратив збор по еден мој познајник и таа дојде во шумата каде што се одмораше нашиот одред.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но ете, таа дојде кај нас, побара некоја неодредена и нејасна помош, го стори и тој чекор за кој неупатениот веројатно ќе помисли дека бил избрзан па дури и недоволно обмислен.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Познавајќи ја Родна и нејзината умешност, нејзината способност да ја избере најздравата гранка за да се фати за неа, не можев а да не заклучам дека во нејзината поплака се крие и некоја подлабока причина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Едно време таа дојде од некаде и ми рече: Миле, зошто толку плачеш, јас ѝ реков грубо – за ништо, а таа седна до мене и ме натера да ѝ кажам зошто плачам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)