Горе, скриен зад стебла, ја гледал како стои со секира в рака и без движење свртена кон далечините, осаменички исправена и горда, со ослободена коса.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш (или подоцна кога раскажувал) мислел дека низ шумата се движи омаен мирис на превриено млеко и можел да знае дека таа воздивнува од длабочината на градите со две темни пупки на врвовите од кои по белината на кожата се протегаат беломодри женски жиличиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа воздивна, влегувајќи внатре:
„Мурат-ага. Ќе имаме мака со него, како ми се чини.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)