И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Досега таа виде многу ранети, а многу од нив сама ги пренесуваше на носилки или товарени на коњ и честопати, гледајќи ги, плачеше, секогаш мислејќи на своите три чеда.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа виде, како пред тоа, му трепереа прстите, му се тресеше брадичето, му се разигра мускулот на левиот образ.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само куќата на Бојана остануваше секогаш тажна и мрачна, оти, откако замина Крстан, таа виде само еднаш радосен зрак, но и тој зрак брзо згасна, затоа тагата сега беше уште поголема.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека излегуваа, таа виде на подот многу храна, парчиња јагнешко печено и парчиња печени пилиња, ориз и растурени парчиња сирење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
По само неколку секунди, колку што требаше очите да ѝ се навикнат на темнината, таа виде слика поинаква од онаа што очекуваше или стравуваше дека ќе ја види.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сѐ уште со рацете околу мајка си, таа виде како изразот на нејзиното лице за миг се смени.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во желбата што ја дупна со средниот прст од левата рака, откако ја праша дали има врска кој прст ќе го употреби, таа виде нова жена, нова љубов во неговиот живот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вчера, доцна на пладне, кога останаа сами на плажа, таа виде како во руменилото на залезот ги испружи рачињата кон хоризонтот, таму каде водите и небото се претопуваат.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
11. ПРАВЕЈЌИ СИ ГИ ВЕЃИТЕ СИ ИЗВАДИ ОЧИ - што ќе ѝ се нејзе, нека другите ги видат, и онака штом љубовта тепкаво ја срочи таа виде: само светли денови ѝ идат ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Без да сакаат, тие се најдоа в очи загледани еден во друг по што, додека така се гледаа, срцата им зачукаа во склад со чукањето на срцето на светецот и при што тој виде каква жена е таа, а таа виде каков маж е овој намерник, пред нејзините очи токму сега кога срцето ѝ чукаше во склад со срцето на светецот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога таа виде дека ѝ следи храна, само леко се подмести со предните шепи и продолжи така отсутно да ме гледа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во полусон, не знаев што ми се случува.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во Илка таа виде прекрасен човек и многу го засака.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)