— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Покрај тоа, таа веруваше дека сите, или речиси сите ја мразат Партијата и дека би ги прекршиле правилата, само ако мислат дека би можеле да го сторат тоа, а да не бидат фатени на дело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А таа верувала дека душата на брат ѝ ги има исфрлено тие нацистички одликувања.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Што е наважно, таа верува дека сме ние добри луѓе.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Понекогаш и таа веруваше дека нешто ѝ се случило, а всушност само го сонувала тоа или само си го замислувала.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А потоа, од сонот во сеќавањето и останаа само Едо на стрмниот пат како ја исчекува и како таа верува дека сепак ќе го стаса.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа верува дека на оној човек што не го познава, кому не му го знае името, кој, боже прости ми, како да не е тука, сега сигурно и не е тука, таа може му ја гледа само сенката, единственото нешто дека некој негде се наоѓа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но таа веруваше дека во книгите, можеби токму во тие книги, се крие нешто посвето, посудбинско за семејството, отколку во единствениот таков апарат за јуфки во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Додека куршумот се колеба во нишанот
таа верува во истрелот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа веруваше дека, по нејзиното исчезнување, ќе нѐ обединуваат Татковите книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
До последните денови од животот, таа веруваше дека постои излез од страдалничкиот круг на егзилот, со враќањето на почетната точка, со враќањето во родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но таа веруваше во Татковите илузии, како во реалност што ја беше прифатила еднаш засекогаш, како можна среќа во која повеќе се верува отколку што се живее.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)