сѐ (зам.) - околу (прил.)

И пак се наведна. Стана камен а сѐ околу него беше камен. И каменот и полжавот и тревата. Сѐ. И земјата и небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ околу нив се скамени за миг.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Откако се вратив од циркусот, гледав со невидена супериорност на сѐ околу мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа тој не може постојано да биде свесен за сѐ околу него и во него и да ги има под контрола сите суптилни нешта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повторно бродолом во душата... пребродувам и се менувам ... како годишните времиња, како денот и ноќта, се прилагодувам на барањата на сѐ околу мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ме посети гувернерот на Рајските Острови.“ Шлапкањето на босите нозе разбранија сѐ околу себе - и вода и слух.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)