сѐ (зам.) - наоколу (прил.)

Таа бела ноќ сега беше стасана и седната над сѐ наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ наоколу исчезнуваше во некакво оловно сенеење, а тие во него остануваа сосема сами.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зошто брановите праснуваат бесно ама со ќеиф, и го подриваат брегот и бришат сѐ наоколу небаре сѐ сами запишале?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Вртиме по некој нерамен и непознат пат и сѐ наоколу ни е непознато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во часот таа е насекаде, проклет да бидам, нејзиниот глас над сѐ наоколу царува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше понесен од тие мисли, во кои што беа запливани сите негови од бригадата; никој не можеше да го натера да поверува дека сѐ наоколу не е толку чисто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сѐ наоколу се усвитува: и куќите и дрвјата и воздухот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)