сѐ (зам.) - прави (гл.)

Само што тој, Дамче, цивна дека тие, стопаните, се однесуваат како да не гледаат што сѐ прават другите потковичани, се истури поганајата врз него: И слушаме и само гледаме што се случува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со него шегата беше многу сериозна работа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо да ја тераме публиката да дојде до уметничко дело, ние ја бараме нејзината поддршка... Публиката од сѐ прави просечност. Уметноста нема ништо заедничко со демократијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И сѐ правел само со нож, со секира, со скепар и едно две-три сврдлиња што ги донесол од Влашко, самоделски, на ковач правени.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Секогаш сѐ правиш сам и толку си навикнал на тоа, што просто се чудиш кога некој ќе го побара твоето друштво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас за љубов, барам само љубов. Знам дека сѐ правиме од корист.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ прави Џемал-ага да си го зачува своето гнездо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледате ли? А пак што сѐ прави со Зоки, тоа не може да се раскаже, умот ќе ви застане!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)