Се крева земја, камења, пушки, човечки партали и сѐ паѓа наоколу.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По навика продолжуваш
да се преправаш
да глумиш жизнерадосност
да бегаш од себеси
„да не се досетат Власите“
си велиш, и тука
се лажеш:
никој не побегнал од себеси
- жив.
Очајот, и покрај сѐ
паѓа, како ноќ
полека, но сигурно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во секој случај сѐ паѓаше поснопица. Знаеш што се случува кога луѓето ќе почнат да се фаќаат еден за друг, а оздола лизгаво.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)