сѐ (зам.) - знае (гл.)

- Така ли? - праша астиномот. - А знаеш ли ти дека ние сѐ знаеме за тебе?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му се чинеше сега дека му се потсмеваат и рибарите во чунот, и луѓето на брегот, и куќите, и езерото - сите и сѐ знаеја за овој негов срам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му реков, немој да заборавиш, еднаш ти кажав, те предупредив дека сѐ знам, дека сѐ претчувствувам и не може да ме излаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Добро мамо! Сѐ знам! - возврати Рада, излетувајќи од дворот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
— Многу ми е жал, вели, сѐ знам за тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и за Сталин сѐ знаеме. Не е тоа заборавено.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ем сѐ знаете, ем имате време уште да учите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Што сака тој Куно Бунгур? Ни со сите реки не ќе го измие гревот на... - На оној со врзано око? - Мојот, воздивнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш, заборавајќи го повикот, толпата се разбранувала во исчекување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако не можеле да му го препознаат лицето на видовникот, луѓето знаеле дека престарите очи со конци крв околу себе догледуваат сѐ и сѐ знаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А ти прости. Мал си да разбереш што се случува со нас несреќните. - Мал бев. Сега сѐ знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ знаев, сѐ, само едно не очекував - собата во која требаше да го најдам, беше празна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рибино око немам око да те видам имам да те гледам на свој начин, во свое време никогаш да не ти се нагледам од овие сфери, од овие длабини да те изобличам да те преобразам на очите да не си веруваш така исто сум гледала и молчела молчела, значи гледала пред да ме крстиш риба псариа, fish, poisson, пред да ми ја откриеш смислата и од мене да направиш соѕвездие, знак, уметничко дело пред да ме уловиш и од себе да создадеш Риболовец а од мене добар пазар, специјалитети пред да ми ги дознаеш употребните вредности - мои и на моето око, метафизиката пред да измислиш мамки, глисти, црвци јадици, со еден збор јас се фаќам за јадицата а моето око сѐ гледа и сѐ знае но таи и разобликува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Барем господ да ми каже, вели, тој сѐ гледа и сѐ знае.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаење - Постојат три вида на знаење: Критика - Кај лошите писатели се раѓа 1. сѐ знам, то-ест надмен глупчо, 2. не како завист кон добрите. знам, то-ест, обичен глупчо, 3. ништо не знам, то-ест, разумен човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Злосторник - Бич на божественото Корист - Идол, му се жртуваат сите правосудство. богатства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)