И се бојам. Не се бојам веќе од Него, од Бога не се бојам, оти Он сѐ виде; тој виде сѐ што сторив. Но се бојам од себеси.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но сѐ кажа дрвото, сѐ видовме: на кората од тоа дрво беа наресани, како слики убави, сите букви кои Стефан Писмородецот ги беше прогласил за свое видение, за род и пород свој.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сѐ видов однапред
оти сѐ еднаш веќе било.“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Тоа беше еден сосема друг свет, уште не сум свесна што беше, што сѐ видов и што сѐ доживеав, ми се чини понекогаш дека само сум сонувала.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)