сите (зам.) - човечки (прид.)

Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онолку спонтано колку што е спонтана љубовта, вистинскиот двигател на сите човечки битија кои со љубов можат да изградат цел едн нов свет, но со спротивните чувства да го разорат.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- Низ пубертет минуваат сите човечки суштества, - ми објасни тој, по малку изненаден од предметот на моето интересирање.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По залезите, по последната дневна тага искажана со писок на бездомна животинка што се засолнувала меѓу лисја на гранки пред рано измитарена лисица, месечината, скаменет цвет над камен, никнувала од темниот раб на многугрблестите ридишта, поточно од самиот крај на светот: жугнувајќи од невидлива фиданка кон спокојството на височините, кон тајните на сите човечки надежи, побелувала и станувала спрложена, била лик на потаен покосник со нејасна, размачкана насмевка и изгледала дека претскажува нови неволи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)