Со исклучок на каузалните односи - поточно, со потенцирање на акаузалноста - се раскинуваат сите традиционални поврзаности на елементите на фабулата, и оваа се распршува во фрагменти коишто, „збогатени” со асоцијативен и еруптивен квалитет, неретко симулираат едно магливо, односно скоковито движење на смислата карактеристично за сонот - според некои критичари, „идеалното експресионистичко дело” (Франк Тис). Маргина 36 77
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тогаш во просторијата ненадејно влета младиот - и „во ерата на распаѓањето на сите традиционални вредности”, како што велеше неговиот омилен универзитетски професор - пофално лево ориентираниот - господин Тони, кој побара, под еден, поширока елаборација на проблемот граѓанско-рурално, и, под два, подобра метафоричка контрала, помалку елипси, контигентност и јасност, ви се молам, културата ја сфаќам како канадска река низ која пловат совршено подготвени за понатамошна обработка трупци.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)