сите (зам.) - околу (предл.)

- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојдете сите околу масава. (Се собираат сите околу масата.) Свети Илија, ти се молиме закрилувај нѐ, помагај ни, води нѐ со својата сила.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Гледам сите околу мене се среќни и весели, а ја чурук. Само мене све нешто ми смета.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)