сите (зам.) - од (предл.)

Изрипавме сите од местото. Мајка ми прва стигна до портата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден по еден ги редеше сите од тајфата Аргир во паметта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ноќта, на дванаесеттиот час, при мената на денот, силен вресок ги кренал сите од постелите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За десетина години се иселија сите од семејството на Петрета Великанов. Двајцата синови со жените и дечињата Нов Зеланд фатија, двете ќерки со зетовите Австралија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но сега-засега од такви подробни разгледувања за засегнатите прашања уште нема голема и неодложна потреба; затоа требаше за сите од нив да се кажат по неколку збора, зашто тие едно без друго се нејасни и неразбирливи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Достасаа во Потковицата едночудо луѓе, агенти, од Тополчани, од Прилеп, од Битола, и сите од ред го распрашуваа за Јована и за неговата придружничка, но најмногу, нив, железничарите ги товареа: зошто уште веднаш не го пријавиле Јовановото заминување?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дамче се почувствува и понижен и навреден. И веднаш во неговото срце шибна омраза спрема него, спрема сите од Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, властите се распрашуваа што правел Јован за сето време во војната, дали нависитна тој ја растурил бомбата од Црн Камен, дали одел често на станицата и на Битолско Џаде, и дали тогаш, при одењето од Потковицата, го отворил пред некого од нив куферот или дали само му кажал на некого навистина што носи внатре, во куферот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Познато лого - политикин во помал фонт, а под него грандиозно - ЗАБАВНИК; Отстрана слоганот - за сите од седум до седумдесет и седум години.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но многу повеќе за мојот срам: плачев и удирав до болка со тупаниците по меките лица на децата, ги кршев навечер туѓите прозорци, им нанесував штета на сите од улицата колку што можев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А може да не умираа сите од глад. Може да умреа и од нешто друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се сметаше дека првиот чекор кон таа повисока цел беше создавањето јазик за сите од сите јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние женските ги вршевме работите, сите од ред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Затоа проверував со третиот, најмалиот, „Olimpikus“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш сите од маалото со часови зјапавме, напикани токму во подрумот на Мики, во и меѓу нозете на девојките и жените што стоеја пред продавницата „Громби“ над нас, врз подрумските решетки, а кога понекогаш ќе задуваше ветерот на кој му го заборавив името, тоа го доживувавме (молкум) како премиера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе мораме да ги известиме сите од бандата, вечерва имаме закажана тепачка на Чешмиче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ништо не ми вреди што се сите од странство, што на моите другарки им се допаѓаат и би сакале да ги имаат, што ме прашуваат каде сум ги купила, па кога ќе кажам од кој град и која земја ми ги донеле мајка ми или татко ми, се воодушевуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што вреди кога ми е здосадено од сите нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)