сите (зам.) - ѕид (имн.)

Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите ѕидови на просторијата од душемето до таванот беа во регали со книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги урнале сите ѕидови, се нашле во лавиринтот на козји измет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Салонот е шестѕиден. Сите ѕидови се стаклени.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Впрочем, и во други градови се случува сите ѕидови да имаат уши. Какви времиња, такви ѕидови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А Вашата библиотека сигурно има над илјада чекори, кога ќе ги обиколиш сите ѕидови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)