сите (зам.) - страна (имн.)

Келнерите со послужавници забрзано шетаат на сите страни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
НОЌ Големиот салон на Еди Краста е преполн. Сите се свечено облечени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаа дарба работите да ги видат од сите страни, мудри беа при донесување на било какви одлуки!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Искри секаа на сите страни околу мене, се искреа низ дамарите на крвта, месечеа попреку, однапред, секаде, на парчиња месечеа... убивајќи ми ја надежта!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Градот е опколен од сите страни. Не може ни пиле да се спаси.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се менуваа групите, се носеа лисја од сите страни, додека градот длабоко спиеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се поврати од сите страни вревата на животот. –Чанга се врати! Да живее Чанга! Да живеат козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мораше да се исправи оваа „генетска грешка”. Мораше, мораше, мораше! Ечеше од сите страни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, во други времиња, од старите книги, собирани од сите страни на Балканот и од другите земји, ни пренесуваше дека речиси сите народи на Балканот својот живот им го должат на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А брановите на војната беа исфрлиле Ноеви ковчези на многубројни спасени семејства од сите страни на Балканот, и од подалеку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од сите страни итаа кон реката луѓе и кози. Старци и деца. Мајки и бремени жени. Сите, сите луѓе што им должеа живот на козите и на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во далечината заоѓаше црвеното око на сонцето, а облаците се распрснуваа на сите страни како изгубени стада.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тито – Чанга! – се слушаше на сите страни, како во времето кога се извикуваше „Тито–Сталин”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ракоплескањето шуми како пролетен дожд врз ламарина по салата и од сите страни се чуствуваат извици: Браво! Ние се гордееме со тебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како да експодира некој презгуснат простор во чие средсреде бев јас и сега честичките се разлетаа на сите страни како снегулки а јас половам среде тој облак од снегулки што се шири, се шири...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На сите страни по него биле организирани потери.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А Турците? Тие на сите страни испраќаа потери и токму него го бараа!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сепак, се бранев од мислите. Ама напразно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ѓаволот дојде да наплати. Ме туркаше на сите страни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Знаменитост несомнено претставува стоковната куќа изградена од алуминиум, која е затворена од сите страни а прашањето на светлината е решено многу успешно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека се движев околу уличките на Карловиот мост, зјапајќи во витрините на магацините или така неопределно ненадејно пред мене помина една старовремска кочија, се подзапрев и улицата од сите страни затворена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Луѓе и стручњаци од сите страни, а сѐ ангажирано на објектот на „Бетон“, на топланата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку што во Париз доминира Ајфеловата кула, толку доминира и една од најстарите париски цркви - „Нотр-Дам“, која се наоѓа во зародишот на оваа метропола, во „Сите“, кое е обиколено од сите страни со Сена и затоа е одвоено од Париз, но со мостовите претставува една целина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ходниците на црквата, долги и огромни, беа претворени во шеталишта а на сите страни имаше олтари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Цркви на сите страни. Особено е своевиден монумент црквата Свети Никола под Храдчани. Во барок градена во 19-тиот век. Со огромни портали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси од сите страни во овие улички на „Капали“ ве засенува жолтоблескавата боја на златото, трансформирано во прстење, нараквици, белегзии, обетки, синџирчиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прошетав парадно низ улицата на брегот, а од сите страни ни се обраќаат луѓе, говорејќи неправилно на некој од нашите јазици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, во Ардените најмногу ме зачуди еден факт - насекаде, се разбира, каде што за тоа имаше можности и убави природни реткости, гледав бели населби, главно распослани, по шумските пејсажи, или на полјанките, пак од сите страни заобиколени со шуми, покрај реката Урт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Задоволство е да се меркаш бесцелно по овој пазар и да одиш од тезга до тезга, да слушаш од сите страни викање, довикување, влечење на муштерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ме погледа со мртов поглед.  „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”.  „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”.  „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој ќе оди на сите страни, тој го бара Богдановото девојче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но таа не само што не запре, ами почна со некакво испитувачко задоволство да ги загледува моите чевли, од сите страни, прво едниот па другиот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Селото заприлега на зовриен казан: од сите страни одекнаа истрели.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чаушот нареди да се сардиса куќата од сите страни, а еден од заптиите прати да го известат муљазимот и кајмакамот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бабата Цвета како без душа дотрча и се појави на вратата, но кога ги фрли очите во портата и каленцето, имаше што да види: — навртени цевки од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Меѓутоа, востаниците биле од сите страни опколени од воените сили на Џеладин-бег од Охрид, Али-паша Јанински и Лобуд-паша од Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По извршениот општ напад на востаничката територија, Османлиите успеале одново да го вратат градот Негуш.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ебана од надвор, ебана од внатре. Од сите страни сардисана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Расколот и омразата беа присутни на сите страни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Зар не мина веќе еднаш нивното време? Се слушаше од сите страни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Градот станал главно упориште и на сите други северни походи, кон сите страни на Балканот и кон Европа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Му рече на Павле жената, држејќи го палтото во рацете и разгледувајќи го од сите страни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На сите страни се отвораа малите вратничиња, се тргаа заварниците од тешките, големи порти и се креваа пенџерињата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Музиката и желбата за забава ги бришеа овде бргу разликите меѓу луѓето дојдени од сите страни на светот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И, занесен, Карев виде како огромни пламени јазици од сите страни ја обградиле Македонија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Готово е. Додаде таа. И воздивна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одовде сѐ се гледа. На сите страни!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Војната е како јастреб што ќе се спушти врз народот како врз јато кротки врапчиња и ќе ги разлета на сите страни...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се чинеше дека облаците се настрвени кучиња и од сите страни лаат во синото небо, да го парчосаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наеднаш доби впечаток дека мракот околу колибата е полн со ѕверови кои чекаат да догори онаа слама, да згасне светлината, па да натрчаат од сите страни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мастиката му се излева од раката, пепелта од цигарата паѓа на сите страни а од устата му излетуваат колку зборови уште повеќе плунки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Селото беше на тумба, а куќата на цуцка, така што не само сонцето и мразот туку и сите ветришта ги вееја од сите страни.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Логотетот се насмеа гласно, а тоа смеење му се зариваше на отец Стефан во срцето; жилата му скокаше на вратот и во еден миг помислив дека можеби ќе пукне и ќе почне да прска крв на сите страни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот потстана, нѐ изгледа од сите страни и потем рече: „Господе! Каде бевте сето ова време?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со сите оние авиони на небото. Со гласините дека непријателот од сите страни напредува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека уште утредента ако не и истиот тој ден можат тие туѓински војници да се појават во полето помеѓу двеве планини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А утринава кога станав што ќе видам, потемнето од сите страни и си мошори.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Откога се изнапи со питката студена планинска вода, Еразмо се врати до старецот, загледувајќи го од сите страни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја гледаше од сите страни: виде дека е скината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мештаните продаваа на пазарот дрвени сувенири – делфини со младич на грбот, а истиот мотив, насликан на школки, сервис за јадење, на пепелниците и на постелнината нѐ напаѓаше од сите страни на новиот, луксузен хотел „Делфин“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од сите страни пристигнаа алишта, храна и лекови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пискање на десетици луѓе се слушаше од сите страни.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чувствувам леснина и опој кој лелее од сите страни на Сарајот: од таваните, од подот, од ќилимите, од книгите на рафтовите и полиците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кулата требаше да се гледа од сите страни на светот и да биде украс на царството нивно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Земјата се стеснувала, завршувала, од сите страни ја стискала магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби ова е некоја нова чума што удира само на добиток. - Сеедно. Ќе печеме месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со малку напор можело да се види дека од небото висат клобуци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немаше обичај да ги објаснува своите прашања како Марко Марикин и не ги сакаше прикаските од стари времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му реков дека навистина бев зад ридот, тој не можел да не го види тоа зашто секогаш очите му гледаа на сите страни, но дека не знам за кого ме прашува, дека не знам кој е тој зад ридот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Онисифор Проказник, со тага гледајќи го колењето на премаленото и збревтаво животно, заповеда да заземат место на чука од која ќе може да се гледа на сите страни и на која не ќе бидат изненадени со напад. Свенувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ко завија волци од сите страни мачорот Тошо не може да се брани и почна да си бега в село на пат го сретна зајачето бело. уф, еве го братчето слатко стравот ќе потрае кратко јас од лошо ќе се спасам и набрзо в село ќе си стасам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Остана така сѐ дури не се одзваа сите завивања од сите страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По истрелот, кого снежните ридови го разнесоа како весел одзив на сите страни, беше доцна и за Змејко да помисли дека ќе пука уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чинеше дека и тој ден ќе се разлета на сите страни, а на негово место ќе остане само врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првиот веќе беше под прозорецот. Тој се нафрли врз убиениот. И уште веднаш врз него наскокаа пак сите други, истрчувајќи ветерничаво од сите страни и вплетувајќи се во уште побесно клопче, од кое снегот прштеше наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стриите на некогаш мазниот стомак како вододерини се ширеа на сите страни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те прашувам, но, се прашувам и самата, како е можно скинатото парче „коприна“ да биде мерило за женската верност или неверност? - рафалите на Рада не престануваа, куршумите летаа на сите страни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во Глигора се збираше и набираше немир. Ги тркалаше големите очи на сите страни. Очекуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се отвораше пред нив пештера, висока, од сите страни надвиснуваа и подаваа остри рабести блокови од гранит.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не можеше, можеби не смееше да ги подигне очните капаци и да погледне во луѓето во салата. Се надигна од сите страни врева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Околу колата и околу нив дотрчале многу бугарски војници и офицери, но и тие, кога ја виделе бомбата и кога дознале дека не е експлодирана, пцуејќи ги Ѓорета и мајка му и нарекувајќи ги Мрсници се разбегале на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во случај на некоја општа закана по населбата во Потковицата, мобилизација, реквизиција на стока, на волна, или на житото, при пожар или поплава, сите тие наеднаш вивнуваа, ги потпалуваше селскиот протуѓер.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Речиси отточканото може да го проверува и по стопати, да го врти и да го разгледува од сите страни, да го мери со педи, со лакти, со сажни...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Останал само еден офицер, некој мајор, а тој ја прашал Трајана: Кај ја носите бомбата, госпожа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на Зедница, на сртот нејзин, за да можеа да бидат видени од сите страни и оддалеку, поредени во долга низа и кренати на драгови стрчеа десетина вивки од `рженица, натопени во смола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секогаш кога го земам даљинското в рака, и констатирам дека од аспект на јужноамерикански серии сме во ситуација од сите страни Ѓорѓи сардисан, ми иди да пукнам Династија враќај се, сѐ ти е простено!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Потоа зареваа сирени од сите страни на градот. Далеку, веднаш не можеше да се определи од кој дел на границата, татнеа топови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- На крстот се сите страни од светот, вели Григор и се крсти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сака да ја преврти, вели, сака од сите страни да ја види.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И потоа од сите страни, низ цело село, пеат петли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од сите страни зинаа ламји за да пуштаат оган.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Попот ги кадел момчињата со темјан додека црната брада страшно му штркнувала на сите страни, потоа првиот го поел со старо вино во кое настругал сив корен од линцура, а на другиот со капки маслинов зејтин во кои со години чувал пелин и рициново семе му извлекол од увото мртов црв или дрвеница или болва, сега е сосема сеедно синовите на бегот можеле пак да трчаат по полето и по стрмништата да вадат јајца од еребици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој се определи за следниве најчести заемки: аршин, најраспространета заемка за означување должина, ширина и височина (62-75 см), (од турски аrşin); ока, мерка за тежина, 1 238 г (од турски okka); чифт, пар, рало (од турски çift); еден, непарен, осамен (од турски tek); ѓутуре, кутурица, нешто земено без мера, на куп, наеднаш (од турски gütüre); карар, мера, умерено (од арапски ḳarār); ајар, мерка на чистотата на златото, а и точно и прецизно регулирање на саатот (од арапски ʿiyār); фира, тоа што се отфрла при мерењето и почесто при изработувањето на нешто, отпадок (од персиски fru); урнек, јурнек, образец, пример, кројка, модел (од турски örnеk) Климент Камилски се чувствуваше осамен на бојното поле со турцизмите кои го напаѓаа од сите страни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше очигледно дека тој не можеше да ги опфати сите, да ги зароби главните водачи во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од сите страни бевме прописно, сигурно заградени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Жалосно, Леме, - благодарниот Трифун Трифуноски кротко, од сите страни почна да ме поткопува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вечерта беше топла, мека, мајска. Од сите страни допираа мирисите на јоргованите, а од време на време ќе проструеше свежиот подзалутан пелистерски ветрец и ќе разбушавеше нечии коси.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мирисот на јоргованите удираше силно од сите страни, тие уживаа во друштвото на другиот и не сетија дека помина цел час.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Одеднаш почувствува како ѝ се зажари и вратот и лицето, го слушаше топотот на срцето на сите страни, приближувајќи му се на парот кој во тој момент ги здогледа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Окупирани од сите страни! Замолчени од странските пропаганди и нивните балкански сојузници, ретко кој им веруваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но зарем вредеше да се разурне таа армија од наредени карти врз катедрата пред која се изнесуваа големите хипотези на надворешните сили кои од сите страни демнат да ја разединат и уништат Југославија, версајската творба според јакобинистичките замисли на францускиот претседател Жорж Клемансо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Телефонот непрекинато ѕвонеше. Честитки од сите страни. И чудење од колеги-дипломати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле Сојузниот влезе во кабинетот. Срдечно ме поздрави и ми рече: Простете, ме бараа од Вашингтон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во воздухот лебдеше скорешниот пад и распад на земјата што ја претставував, макар што никој како да не сакаше да верува во тоа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На сите страни се вознемирени за нашата иднина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дипломатијата добиваше нови репери од националистичките агенси. Тоа се насетуваше на сите страни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во еден период цвеќињата го прекрија балканот од сите страни, стануваа видливи во далечината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Отсекогаш ли беа тука овие видици од црвоточни куќи од деветнаесеттиот век, со ѕидови потпрени со искосени греди, со прозорци закрпени со картони и со покриви од 'рѓосана тенекија, со смешни дворни ѕидови накривени на сите страни ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Извици на предупредување допирааа од сите страни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се слушна негодување од сите страни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стана кајмакамот, почна да шетка околу ибн Бајко и да го разгледува шеретски од сите страни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Мамето твое големџиско“, си рече тој, „ќе те сардисам јас тебе од сите страни, па мајка Јана да ти е!“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни. (Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
10. ПАДНИ И ВЕДНАШ СТАНИ - до кога тоа така ќе биде: да се обѕирнуваш на сите страни за некој шегобиец да не те виде...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ти налутен, го фрли термометарот во дувалото, при што тој експлодира како бомба, направи цеп во дувалото и започна да излегува лава, да разлетуваат светли парчиња на сите страни како огномет; парчињата паѓаа и на тебе, но ти обземен од радоста, ништо не чувствуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Додека попот молитвуваше за доброто дело што го направија Цветко и жена му, некои од луѓето шетаа низ дворот, вртеа околу оградата, ја загледуваа од сите страни и на одредени места наоѓаа мани дека не е како што треба изградена, дека можела подобра да биде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Аха!, си рече во себе аџи Јане. „Значи, треба да се нападнат од сите страни за да се скршат. Ете тоа ми треба“.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Средбата со плочата беше гласна од невидливата сила на вибрациите што ја ослободуваа талпата од засушениот малтер и ситните коматчиња тула или песок, кои пак, поради тоа, се распрснаа на сите страни пукајќи чиниш се куршуми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Камбаната бие, удира по три пати со долги паузи, гласот броди над селото, бега на сите страни, тони во срчата на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа е суштинска црта на човековата екологија и затоа треба да биде заштитена од слепите сили што ѝ се закануваат од сите страни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Шо велите вие на вој збор? Сите четворица запреа да дишат, само Нешка ги тропкаше гровчињата на крстот и весело пискаше, смеејќи се и вртејќи се на сите страни, небарем сакаше да се пофали: што подарок ѝ донесе чичко ѝ Трајко!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летаат влечки, топлинки, калчунки и платамонки на сите страни.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Лебот е насушен, народот загушен од сите страни со грабливци опкружен внатре со јуди во партиска битка европска курва за јајца не стиска
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тоа беше како никогаш светнато од сите страни. Врз масичката видов вазиче со каранфили од Мајкината градина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во чудесниот Арл пленеше сината питомина, од сите страни. Во блиската околина се извишуваа ветерните мелници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се пукаше од сите страни. Уште не паѓаа бомби. Се очекуваше другиот ден, утрото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите, на глас, прочитавме: Ла Ринашенте! Ла Ринашенте! Ла Ринашенте! Ла Ринашенте! – се слушаше од сите страни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од сите страни демнат семожни етнички, верски, културни, јазични, обичајни разлики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Италијанците надоаѓаа од сите страни. Грците се повлекуваа. На чатиите од неколку куќи се развеаја италијански знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш не ќе заминев, ако опасноста не нѐ демнеше од сите страни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И започна со силни експлозии да ја потресува куќата од Китан. Разлетуваа парчиња камења од каменоломот на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Свадбарите викаа, пееја, тапаните тумбаа, свирките пиштеа, се разлеваше викот на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаше во тие тешки сталински денови, кога со интелектуалците лесно можеше да се пресмета штотуку создадената работничка класа со неуките, ограничени секретари на чело, една тивка, ненаметлива, но сеприсутна солидарност од сите страни со Игора Лозински, со неговото дело и со мисијата на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од сите страни партизаните носеа големи лимени буриња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нишан (поделено јас) Договор е јаболко да не клаваме во разговорот - кутија отворена: раздорот, пан-доратот на мегдан сам ќе дојде во ситен кас, ненасит јаболкото е за по дома уште повнатре за интимни дела (пред употребата добро да се одмери) уште повнатре во умот без него -една глава сто ума- расцеп на личноста, пизма без име како јас-бол, како разроко јас поделено јаболко: поделено ти камен-меѓник (кај и да погледнеш!) во мојата нива коренот во твојата плодот а сенката паѓа на сите страни на светот, АДАМ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една ноќ гумата бесно влета во колибата како при експлозија, бркајќи ги пилињата и расфрлајќи ги лонците на сите страни! Самата дојде, брзо тркалајќи се.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги набљудувам низ стаклото на експрес – ресторанот како на сите страни се разлеваат и се претопуваат во Градот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Бијат од сите страни. Фрчат куршуми од сите страни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Присебните трчаат на сите страни, ги прибираат во бараката, и така наизменично, помагајќи си, многу од нив го дочекуваат својот суден ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лидија го гледа „човекот„ од сите страни: - Аха, тоа е човек.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Скрез офна така силно, што Цанул се исплаши, ја фрли вилата и избега; Цанулица замалена од страв, стрчна кон Скрез, му ја извади забуцаната вила и му ја изврза раната со шамија за да му ја запре крвта што бликаше на сите страни; го одврза коњот, му помогна да се качи и тргнаа в град на болница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А од устата на човекот се родил говорот, од очите се родил видот, а од видот се родило сонцето; од ушите се родил слухот, а од слухот се родиле сите страни на светот; од умот се родиле делата. Дури најпосле се создале задоволствата и храната...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ветерот зафати уште посилно да му налетува од сите страни и да го турка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Започнаа и него да го бараат на сите страни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секања од гром, трештејќи во неа ѝ ја погодиле утробата... па тој удар пламнал во силен оган... кој сѐ стрештил, сѐ строшил и прснале пламени на сите страни!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кого попрво да слушаш и кому да му одговориш кога те испогазуваат и те оглушуваат од сите страни!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не можам разните слики да ги составам во една. Растурени ми се на сите страни. Ми бегаат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ВЕЛКОВ: Едвај добивте независност, сега сте уште нападни. Ви влегоа странци од сите страни.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Гласници, јавнати на коњи, трчаат на сите страни и со вик и камшик, кажуваат и покажуваат на каде да се оди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од сите страни на паркот стари згради со иста висина што зборуваше дека во добата кога тие биле изградени архитектите си ја завршиле својата работа без ниедна грешка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На светиот чин од сите страни на земјата, дотрча младо и старо, католици, православни и муслимани, припадници од истиот народ, а имаше и евреи, спасени од албанското население за време на Втората светска војна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И замрда од сите страни со пипалките.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Прилегаше на пенушка од некое исечено дрво, а на сите страни му се простираа пипалки како корења.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога на насипот се покажа водоносецот, десетина гласови завикаа од сите страни: – Мече, вода!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од сите страни се разнесе громогласен, здрав младински смев.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Било договарано да биде покопан на Пленпале, гробишта кадешто се покопуваат швајцарски значајни луѓе, но тоа не беше лесен потфат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога швајцарските власти конечно го одобрија погребот на Пленпале, тој беше закажан за четврток, 18 јуни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога конечно успеав да разговарам со неа, дознав дека не е закажан денот на погребот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија беше станата, но ја облетуваа новинари и фотографи и ја претрупуваа телефонски повици од сите страни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако го вапца и го исуши, со црвен конец платното го опточи од сите страни колку два дебели прсти во ширина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Му ја подаде. Овој ја разгледа матарката од сите страни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мачката ѝ беше на поголемо растојание па откако пак изврти со по едно око на сите страни околу себе, пак погледна во мачката па во гранката под неа и брзо слезе на гранката под себе, ѝ се приближи на мачката и во тој момент мачката се собра назад и се фрли нагоре кон страчката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пелагија топлото време го чувствуваше само како внатрешен трепет, нешто благо и болно што се прелева од срцето нанадвор на сите страни, нешто што ти го прави животот поднослив и среќен а ти самиот да не знаеш зошто е тоа така!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ботаниката е заменета со зоологија, а професорот е истиот : долгообраз, жолтеникав (може поради костумот), очи големи, испакнати, белките на сите страни разлеани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Завлегуваме длабоко во логорот, а од сите страни излегуваат мажи, ги подаваат главите и поидуваат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги вртат, ги туркаат кон камионот, ама тие се нагазуваат, се тргаат, кон сите страни се влечат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пукаат од сите страни, и нивните и нашите пукаат кон нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од сите страни се слуша свиркање, дуваат стражарите, пиштат празните ходници. И оданде, и одавде, од секаде...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Види ваму: човек што не е за својот народ, не останува со ниеден. „Гомното од сите страни исто смрди, велеше дедо, од кај да му се доближиш, исто.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горе празен ходник од кој се гледаа само странични ѕидови како во коцка и од сите страни по една врата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа втора акција (палењето на паробродот) ги натера да затреперат сите: Турци, Евреи, Грци, Европејци103 - сите беа поразени од невидливата рака што висеше над градот и му се закануваше да го запали од сите страни...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уште пофрапантна неспособност Хамидовата полиција покажала подоцна, кога низ сите страни се ширеле гласови, а некои европски весници ја објавиле веста, дека македонските револуционери подготвувале напади врз разни значајни установи во Солун и во други градови во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од секаде, од сите страни на гората се слушаше: - Оди си, оди си!...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ја вртеше дланката на сите страни и не престануваше да се одушевува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и пари не носевме со себе за да свртиме едно кругче со автомобилчињата, па така немаше што да се размислува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внимателно ја набљудував за да откријам дали е сосема искрена, или по малку и се преправа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отидовме до Луна паркот. Се растрчале мали деца, пискотници и врискотници на сите страни, глава да те заболи!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)