сите (зам.) - сорта (имн.)

А денес, тоа е начинот на кој речиси сите работат. Дали таквата улога ќе биде релевантна за сите сорти на уметници?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И јас од сите сорти купив по некоја. Најмногу купив сливи, оти имаше разни: и градски сливи и магарешки сливи и црни сливи - гунгулки и петровки сливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И паметни и улави, зли и благородни, од сите сорти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе одбереме од сите сорти снопје, ќе свршиме, што ќе дадит ала, и за вас и за мене.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Армија на спасот, римокатолици, Евреи, Индуси - од сите сорти ги имаше таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)