Така било и со јаничарите, учествувале во сите победи на Империјата, но ниту една битка не можела да се смета како победа на јаничарите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Знамињата се толку окрвавени и извалкани што не вреди дури да постојат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сите победи и проклетства се испишани на бајраците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)