Не знам зошто, ама тогаш сите пилишта што го прелетуваа пустото поле и пустата мене, сите ми личеа на гаврани и на чавки, на извалкани раце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Сите пилишта личат на пилишта, вели Јон, сите пилишта се пилишта, вели иако различно се викаат, вели и ја крева мотиката, тргнува нов ред да забере. Јас одам по него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„И денес се разбудив пред сите пилци“, беа зборовите со кои ќе ме пресретнеше мајка ми во тремот кога ќе излезев од собата замижан и поспан.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)