сите (зам.) - надеж (имн.)

Сите надежи кај Македонците поминаа на недоносчето – Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кој знае дали во овој живот ќе имаме можност повторно да се видиме?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Не можев да сфатам дека низ ветерот сме ги фрлиле сите надежи!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не зашто бил начнат од сакагија туку зашто можел да биде симбол на сите надежи во тие дни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имај, надеж! Имајте сите надеж, луѓе!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Онисифор Проказник со мака голтнал капка танка ракиичка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прашувам зашто знам, а паметам и од моите детски години, дека тука и пошироко, од југот никогаш не дуваа добри, питоми, топли и добродушни ветрови, туку немирни, урагански, строги, магливи, безмилосни кои го замолчуваа гласот и зборот, сееја страв и ги развеваа и раздувуваа сите надежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)