„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Оттогаш сите места што сме ги поминале заедно со Никифор, како да ми останаа маркирани во душава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Прво ги изнаоѓаше сите места, каде што беше самјакот додека тој пукаше по него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На тоа место, и само на тоа место од сите места во Македонија, специјалистите (не се знаеше кои и за што) утврдиле дека природата зрачела многу редок елемент наречен од нив радон, кој лекувал секаков вид астма, во медицината познати од бронхијална до алергична.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- ... Знам, знам, - го прекинав. - Ти на мои години ни до Дојран не си бил, а камоли на Егејско Море, Јадранско Море, Црно Море, Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Мавровско Езеро..., - му ги наредив подбивно сите места на кои до сега заедно сме биле.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)