Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Башмајсторот ги повика сите малтерџии и тие му кажаа сѐ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)