сите (зам.) - лице (имн.)

Сите лица со кои се сретнал Гарванов во Бугарија му советувале да се откаже од сѐ и да се помири со „сепаратистите“ и „партизаните“ - како што ги викале водачите на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На крајот, кога завршила претставата, раскажува актерот во интервјуто, кога светлата блеснале во салата, кога се откриле сите лица на публиката, забележал и останал вџашен оти очите биле сопственост на- куче.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според планот за изведување на акцијата се предвидувало: формирање на Главен штаб, да се изврши извидување и собирање на сите релевантни информации, да се пристапи кон обука на сите лица предвидени за акцијата и „истражување на активностите и процената на можностите за кооперација со другите герилски групи во областа“. 63
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не биди малодушен. Децата треба да се соочуваат со сите лица на животот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На сите лица радост, опијанетост од убавината, од средбата, од миризбата на вкусно зготвената манџа во казаните што испарува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На сите лица се покажа загриженост и очаеност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Молк по сите лица. Децата спијат, во нивните главчиња соништа што немаат никаква врска со мислите на возрасните, со нивната Македонија, со нивните стравови - што ќе биде утре или не дај боже уште оваа ноќ да падне врз нив оваа бетонска плоча па да ги избрише засекогаш.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)