Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)