сите (зам.) - куќа (имн.)

Немаат покрив. Изгорени се. Изгорени се и сите куќи сѐ до сретсело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие ја поседувале целата обработлива земја, сите куќи, сите фабрики и сите пари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите куќи ги превртевме и го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врнеше снегот со денови, со недели, со месеци и затрупа сѐ: сите патишта низ селото, сите дворови и бавчи, сите куќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од сите куќи најмногу ветеринарот Скрез ја посетуваше куќата на Цанул и најмногу својот бик го спаруваше со неговата крава; влегуваше ветеринарот Скрез со жена му на Цанул, Цанулица, во ќералот кај кравата, и додека кравата блажено подмукнуваше под бикот, блажено подофнуваше и Цанулица потфатена од ветеринарот Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кога сум стигнал до предградието, пред огромната замрачена зграда, ме преплашила тишината оти ни жива душа надвор... на сите куќи прозорците се темни... во фабриката тика так тика так...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зар не слушна за една жена која му даде писмо на еден Албанец за да го прати?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо со рака и даде знак на Ристана да застане.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мене никој не ми носи книга.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А ден пред Велигден помина селскиот кмет по сите куќи и рече: - На секој чардак на празник и по неделини да се вее грчкото знаме!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И најпосле, кога зедоа што имаше за земање, кадијата нареди да се запалат сите куќи во селото, така што кога тие го напуштија, тоа остана во пламен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакав да дознаам нешто повеќе околу организацијата на натпреварот, како, на пример, кој ја бира комисијата, колкучлена е, дали има претседател и дали сите куќи се предмет на испитување, но мислите ми ги прекина гргорот во цревата, кои повторно ми се разбудија, потсетувајќи ме на мојата стара тежина, којашто тукушто требаше да добие ново засилување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако некој поткажал, сигурно не ќе доцнат да тропнат и на нашата порта, на портите од сите куќи на маалото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Може нема сите куќи да ги врви улерата, буицата. - Да не даде господ, вели клисарот, ама ако умрат закопај ги во варта, вели. 155
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)